03 Мај, 2024
0.0229

Добредојде Ноември!

Објавено во: Колумни 01 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Добредојде ноември, месецот во кој сум родена, месецот на мојата љубов, месецот во кој најубаво се отсликува жолтата боја на разлеаното лисје распослано по полињата, планините, улиците, дворовите, месецот на туршијата, мушмулите, киселата зелка и расолот, месецот на слави и религиски чествувања, месецот на поинаквите навики и подговотвки за зимата која постепено гази на прагот при крајот на ноември, месецот на најубавите есенси бои кои ги красат сите предели на нашата ни прекрасна татковина. Ноември, месец кој за мене отсекогаш ја имал магијата на посебност, месец во кој сум ги доживеала и преживеала убостите и радостите на животот, но и мигови на тага и беспаќе, но сепак силината во енергетскиот дискурс на ноември ми поможил да одболувам се на ноѕе, но и да прославам се со силно крената глава. Ноември за мене ја има онаа сила која вдахновува и на себе својствен начин привлекува, оплутува и маѓепсува и секоја ноемвриска прошетка по падините и пределите кои го изнедруваат сето волшебство на бои и нијанси е приказна за себе. Едноставно ноември те мами да ѕирнеш во неѕирнатото, да го откриеш неоткриеното, да го осознаеш незнајното, да ја отвориш душата и да вдишеш еден бран на свежина која ти ја разнежнува секоја пора на твоето битие. Добредојде ноември, месецу на надеж и исчекување, месец во кој интуитивно верувам дека ќе се случуваат низа коренити промени, суштински и битни за иднината, наша и на општеството во кое битисуваме. Како да лебди во есенскиот воздух едно исчекување, една неизвесност за сегашноста и иднината, една помалку чувствителна и болна експресија е вткаена во душата на секој добронамерник и родољубец, една мисла која го тишти секој собеседник со кого разменувате збор-два за живеачката и секојдневието. Есента ја исчекувавме со право речено со нетрпение, итајќи кон разврската на она што со месеци го живееме и помалку не збунува и не тера на мисла и размисла што понатаму, што се случило и што ќе се случува, не тера на вклучување на секој нервен импулс за правилно расудување и однесување. Есента ја кротиме де ведри дека новина сме чуле и истата ни изнудила насмевка, можеби помалу срамежлива, но доволна да ја покаже тронката надеж за верба во прогрес и просперитет, но и ни изнудува воздишка и тремор, посебно во мигови кога ќор-сокакот го гледаме во нашето катадневие. Исправеноста и чувството на промени ни го носи ноемврискиот дух, надежта дека коренитоста на трансформацијата ќе почне токму овој месец не тера на трпеливост и толеранција, која е наша одлика, но и ни ја буди таа бунтовност која тлее во нас, но е подговтвена да се изнедри од нас доколку има потреба за тоа. Ноемвриските утра ќе бидат утра дочекани и пречекани со ширум отворени очи и уши, со сетилни надразби кои ќе значат расчленување на зборовите до најмалиот милимикрон и пронаоѓање на смисла дури и во бесмисленоста на нечии зборови и дела. Ноемвриските пладневни мигови ќе бидат исполнети со голтање на содржини од информативни емисии, чија содржина ќе биде разглобена до наситен детаљ, а ноемвриските ноќи ќе бидат исполнети со дискусии, прогнози и соништа за нови почетоци. Со верба и со мисла за разрешница на оваа неизвесност, со мисла и надеж за едни поубави и повесели утра, утра во кои ќе слушам за прогрес во општеството, здравството, економијата и нема да ме буди чувството на тежина и немир за згаснат живот, за нечија професионална грешка, за нечие изживување и малтретирање, утра во кои ќе ми се јави сама по себе насмевката на лицето заради убавината на информацијата која ќе ја чујам и споделам, утра кои ќе ми ја вратат светлината и вербата во позитивниот дискурс на човековата природа, го пречекувам првово ноемвриско утро... Искрено се надевам и верувам дека и во  овој ноември ќе дишам со полна плуќа, но и ќе вдишувам надеж верувајќи дека овој ноември ќе биде поинаков од останатите, ќе ни вдахне една нова сила за подобро утре. Д-р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет-Скопје

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина