05 Декември, 2025
0.0335

Додаток за Ајфон 5 го зголемува времетраењето на батеријата

Објавено во: Стил 07 Февруари, 2013 15:32

Добивај вести на Viber

Двапати поголемо времетраење на батеријата овозможува волшебниот додаток на компанијата „Mophie“ за АјФон 5. Станува збор за футролата „Juice Pack Helium“, која во себе има вградено батерија од 1.500 мили Ампер часа.

Според производителот футролата двојно го зголемува времетраењето на батеријата, односно времето на разговор или сурфање на Интернет. Батеријата може да го продолжи времето на слушање музика за дури 30 часа.

Компанијата „Mophie“ досега има изработено повеќе популарни футроли за АјФон, но ова е прв модел што е компатибилен со АјФон 5.

Батеријата на АјФон 5 предизвика многу контроверзии, бидејќи и ОС 6.0.2 оперативниот систем многу брзо ја троши батеријата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: