ДОДЕКА МОТИВИТЕ СЕ БАРААТ: Што ја издаде Блерта Поцеста дека ги убила родителите?
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2018
Притворот на осомничената Блерта Поцеста е продолжен.
И додека надлежните уште ги расветлуваат причините за монструозниот чин, Дебар е во шок, а осомничената Блерта останува зад решетки уште 30 дена.
Најверојатно ќе и се суди за убиството на родителите и сестричката кои ги уби на спиење во семејната куќа во Дебар.
Вештаците утврдија дека тргите во куќата се на Блерта, а не на друго лице.
Осомничената имала двајца помошници.
Ова е куќата каде одекнале куршумите кои го ликвидираа семејството Поцеста
Кој е мотивот за чинот кој ја натерал да посегне по пиштол и да ги убие родителите на спиење ?
На почеток кружеа информации дека причината била имотни прашања, па пари, и последна според која Поцеста ги убила најблиските е дека не и дозволиле да се омажи за Италијанец.
Истрагата на италијанската полиција бележи дека Блерта кажала оти масакрот го направила бидејќи родителите не и дозволиле да се омажи за Италијански граѓани.