26 Април, 2024
0.0333

Додека трае распустот во Крушево се бара место повеќе

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

По повод Новогодишните и Божиќните празници, но и во период додека трае зимскиот распуст, во Крушево се бара кревет повеќе за сместување на туристи.

Ова го потврдуваат и од општината, иако засега не ги сумирале податоците колку гости имало за празниците. Велат дека Крушево е полно со домашни гости.

„До 15 јануари категоризираните капацитети се должни да уплатат туристичка такса, и потоа ќе имаме точен податок. Приватните капацитети и хотели се полни, има многу туристи, претежно од Македонија“, вели Коста Мицкоски, раководител на одделението за локален економски развој во Општина Крушево.

Издавачите на соби и апартмани во Крушево генерално се задоволни од тоа како поминаа за празниците. Мери Николоска, вели дека не е како претходните години, но сепак имале гости.

„Имав туристи од Македонија и од Србија. Македонските туристи остануваа по 2-3 дена, додека Србите по 4-5 дена. Претходно имав гости и од Хрватска. Додека трае распустот ќе има и деца во градот. Но, забележувам дека туристите кои доаѓаат си носат сѐ што им е потребно од дома, па така ние ќе имаме заработка, но нема да има промет по продавници, месарници, дуќани во градот“, рече Николоска.

Мирјана Велеска додава дека сега во Крушево има снег и тоа ќе придонесе да имаат и повеќе туристи.

„За Нова година и Божиќ имав туристи од Скопје, Штип, од македоските градови, и вообичаено остануваа по 2-3 дена. Оваа година мислам дека во градот имаше повеќе туристи од претходно, задоволни сме“, рече таа.

Дека Крушево веќе не е анонимна дестинација, напротив дека Крушево е растечка туристичка атракција во меѓународни рамки, потврди вчера градоначалникот Томе Христоски. 

Крушево е град кој може да се пофали дека ги зголемува туристичките посети.  Во 2018 година Крушево за 50 отсто ги зголемило туристичките ноќевања. Крушево во текот на 2018 година имало 15.853 домашни туристи кои реализирале 41.801 ноќевање, а истата година дошле 2.592 странци кои оствариле 18.144 ноќевања. Раст има кај домашните и кај странските гости, потврдуваат од општината. 

Сања Атанасовска

ФОТО – Викенд во Крушево

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“