18 Мај, 2024
0.0262

ДОДЕКА ТУРЦИТЕ МУДРУВААТ, БУГАРИЈА КОРИСТИ: Еве како ќе привлекува руски туристи!

Објавено во: Балкан 07 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Бугарија во 2016 година очекува за 30 одсто повеќе туристи од Русија, отколку ова лето кога во земјата одмарале околу 450 000.

Бугарскиот министер за туризам Николина Ангелкова рекла дека Бугарија планира да го олесни визниот режим за руските туристи, така што визите, освен за деца, ќе бидат бесплатни и за пензионери и големи групи туристи од Русија.

Таа додала дека е планирано и зголемување на бројот на центри за издавање на визи во Русија, кои во моментот се 20.

Според нејзините зборови, другите две клучни земји за бугарски туризам се Германија и Велика Британија.

„Во текот на наредната туристичка сезона се очекуваат три пати повеќе туристи од Англија-минатата година се реализирани 24, а сега веќе се договорени 69 чартер летови“, појаснила Ангелкова.

Летните туристички потенцијали на Бугарија  оваа година ги користеле 4,8 милиони туристи, или за 3,3 одсто помалку од 2014 година.

Бугарските туроператори оценуваат дека зголемувањето на бројот на руски туристи реално, имајќи предвид дека односите на Турција и Русија се многу лоши како и најавата дека Русија, поради влезот на Црна Гора во НАТО, ќе ја запре реализацијата на заеднички програми со оваа земја.

Според податоци на руската корпорација за недвижнини „Адвекс“, 400 000 Руси имаат недвижнини во Бугарија.

Голем број руски државјани живеаат во своите станови кои воглавно се наоѓаат на Црното море. Во градот Поморие постои руски квартал кој го нарекуваат „Мала Москва“.

Русите во последно време, освен во туристички места, купуваат недвижнини и во поголемите градови како Софија, Варна и Бургас.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел