Доделени нови решенија за легализација на дивоградби во општина Центар
Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2013
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски денеска додели решенија за легализација.
За последните 30 дена, општината додели 102 решенија, а од доаѓањето на новото раководство изготвени се 354 решенија.
Заложба на секоја администрација, според Жерновски, е да работи во интерес на граѓаните.
- Пред еден месец си зададовме амбициозна цел да заокружуваме по 100 решенија месечно. Зададеното го завршивме и денеска, за 30 дена имаме 100 решенија, рече Жерновски.