Добивај вести на Viber
Министерството за култура се’ уште бара закупец за терасата на врвот на портата, пишува Вест.
Откако првиот оглас пропадна оти не се јави ниту една фирма, пред два месеци беше распишан нов тендер, на кој се пријавија две фирми.
„Се’ уште не можеме да кажеме кој е закупец на терасата на портата и колкава ќе биде киријата која ќе ја наплатуваме, бидејќи во моментот трае жалбената постапка. Очекуваме брзо да завршат овие формалности. Имајќи предвид дека летната сезона ќе заврши, најверојатно кафулето ќе почне со работа догодина“, велат од Министерството за култура.
Сега граѓаните можат да ја посетат терасата на портата секој работен ден од 10 до18 часот по цена од 30 денари.