ДОГОВОР ОД КОЈ СЕ ПЛАШИ НАТО: Зошто Алијансата со страв гледа на средбата Путин-Трамп?
Објавено во: Свет 09 Јули, 2018
Доналд Трамп патува за Европа неделава на самитот на НАТО кој се случува неколку дена во пресрет на состанокот на американскиот претседател и неговиот руски колега Владимир Путин, во главниот град на Финска, Хелскинки.
Високи претставници на НАТО се загрижени дека Трамп би можел да почне разговори со Путин за “Прекројување на безбедноста“ во Европка доколку неколку членови на сојузот не постапат согласно неговите барања да ги зголемат трошоците за одбрана.
Еден од изворите за британски Телеграф рекол дека претставниците се загрижени дека американскиот претседател ќе го искористи претстојниот самит во Брисел да ја повлече американската воена поддршка.
Друг извор укажал на стравовите поради можни договори помеѓу двајцата лидери кои би можеле наводно да ја зголемат ранливоста на Европа: „Би можеле да бидеме во ситуација на Трамп и Путин да постигнат сомнителен договор кој ќе се покаже како корисен за двете земји, но на крај Европа ќе биде ранета“.
Претпоставка е дека Трамп би можел да направи замена - намалување на американското присуство во Европа, за притисок на Русија врз Иран за повлекување на ирански трупи од Сирија.