Добивај вести на Viber
Железничкиот сообраќај останува во прекин, а машиновозачите ќе продолжат со штрајкот. И на денешната средба на Независниот синдикат на МЖ Транспорт со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, не бил постигнат договор.
Барањата на машиновозачите се редовна исплата на платите и сините картони.
Но, извори за Фактор коментираат дека освен овие барања, синдикатот барал и смена на генералниот директор на компанијата Оливер Дерковски.
Токму ваквото барање предизвика и поделеност на синдикатите. Од Независниот синдикат на машинскиот персонал велат дека нема да го поддржат штрајкот бидејќи не се согласуваат со барањата на другиот синдикат, и имале други барања кои генерално биле прифатени од раководството на компанијата. На штрајкот засега не се приклучуваат ниту од МЖ Инфраструктура.