Доктор Науновска и сестрата Темелковска први ја примија вакцината на Фајзер: Официјален старт на имунизацијата против Ковид-19
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2021
Официјално почна имунизацијата против Ковид-19 во македонија. Ова се докторката Добринка Науновска Јовановска и главната сестра Габриела Темелковска, дел од персоналот на Клиниката за инфективни болести коишто измината година неуморно се бореа за секој човечки живот, деноноќно работеа. Тие денеска се првите кои ја примија вакцината на Фајзер.
И двете изјавија дека се чувствуваат безбедно.
-Чувствувам олеснување. Вакцините се безбедни. Верувам после ова дека конечно ќе почне да се намалува бројот на заразените, истакна Темелковска.
Министерот Филипче појасни дека имунизацијата и во наредните денови продолжува со здравствените работници, и дека очекувадека вакцинирањето ќе заврши за 7-10 дена.
-Денеска продолжува вакцинацијата на сите вработени на Инфективната клиника. Следат вработените во сите ковид центри, пред се тука во Скопје, ГОБ „8 Септември“, Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, Интерните клиники, сите кои што ангажираа персонал, понатаму за време на викендот и болниците ширум државата и приватните болници. Капацитетот на вакциналниот пункт овде, на шест работни места, е максимално 500 на ден, ние ќе започнеме со распоред од 300-350. Така што за период од близу една недела до 10 дена ќе се извакцинираат сите здравствени работници, истакна Филипче.
Истовремено посочи дека во вчерашниот разговор со претставници од Фајзер било најавено дека следните 4.000 дози од нивната вакцина ќе стигнат во наредните денови.
-Тоа значи дека сите пријавени за примање на првиот бран за вакцинација, а тоа се 4.000 вработени ќе бидат вакцинирани.
Министерството за здравство ја започнува и кампањата за подигнување на свеста за значењето на вакцинацијата против корона вирусот, а Филипче при тоа истакна дека е многу битно граѓаните да бидат свесни дека вакцините се безбедни и дека без разлика од кој производител се, тие се развиени на безбедни платформи и дека ова е единствениот начин ние да ја смениме сликата на пандемијата.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.