19 Мај, 2024
0.0317

Доктор Пановски: Наставата требаше да започне уште во август, а не да се одложува

Објавено во: Македонија 16 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Професор д-р. Никола Пановски, еден од врвните микробиолози во земјава, во изјава за Сител денеска рече дека државата прави голема грешка размислува за одложување на почетокот на учебната година. Наместо тоа, Пановски смета дека децата требало порано да започнат со часовите додека може да се проветрува во училниците.

- Нелогично е да се одложува школската година. Училиштата требаше да се отворат на 15 август сп штп два месеци ќе имаше можност за настава со отворени прозори. Септември не е толку опасно со отвопрени прозорци, наставата да се проветрува и делумно часовите да се одржуваат надвор. Главен удар се очекува после 15 ноември кога започнува грејната сезона Тогаш е многу важно да се престане да се собираме по школски дворови и да не се прават родендени, тоа би биле епидемиолошки бомби и од едно ќе може вирусот да се пренесе на 10 деца, рече Пановски за телевизијата.

Според него, во училиште треба да одат само првачињата и децата од шесто одделение, кои се запознаваат со нови наставници, како и оние од прва година средно образование. Пановски вели дека проблем ќе бидат и настинките, поради што повторно може да биде загрозен здравствениот и економскиот систем на земјата.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела