17 Мај, 2024
0.0316

Доларот опасно му приближува на еврото!

Објавено во: Економија 06 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Еврото во однос на доларот падна на најниско ниво во последните 11,5 години, пред започнувањето на обемна програма за купување обврзници на земјите од еврозоната.

Исто така, падот на еврото придонесе за објавување на податоците за раст на вработеноста во САД.

Заедничката европска валута ослабе на 1,0845 долари, што е  нејзино најниско ниво од септември 2003 година, откако податоците од Вашингтон покажа дека американските работодавци во февруари отвориле 295.000 нови работни места, а стапката на невработеност се намалила на 5.5 со 5,7 отсто од претходниот месец, пренесува агенцијата Франс прес.

Стапката на невработеност од 5,5 проценти е на степенот за кој Федералните резерви на САД (ФЕД) наведоа дека укажуваат на здрава економија, а се очекува дека Банката на федерални резерви од јуни да ги зголеми каматните стапки на рекорден минимум.

Европската централна банка (ЕЦБ) во понеделникот, 9 март ќе започне нова програма за купување на државни обврзници, со  надеж дека на тој начин ќе се испумпаат нови средства во проблематичната економија на еврозоната.

Според обемна програма на Европската централна банка, таа институција за купување на корпоративни и државни обврзници на еврозоната месечно  ќе им издвојува 60 милијарди евра од март до крајот на септември следната година, што вкупно изнесува повеќе од билион евра.

Франкфуртскиот индекс „DAKS “ 30 се зголемил за 0,41 отсто, на 11,550.97 поени, додека парискиот „CAC“ 40 0,02 отсто на 4.964,35 поени. Од друга страна, Лондонскиот „FTSE “100 паднал 0,71 отсто на 6.911,80 поени.

На Вол Стрит  индустрискиот индекс Дау Џонс паднал за 1,0 отсто, на 17,954.20 поени, а технолошки Насдак 0,74 отсто на 4.945,77 поени, додека широкиот индекс S & P 500 пораснал 0,12 отсто на 2.101,04 поени.

Во Азија, Токискиот индексот се зголеми за 1,17 отсто благодарение на слабеењето на јенот, додека Сеулскиот напредуваше 0,73 проценти. ХонгКонгскиот и шангајскиот индекс, меѓутоа, паднал 0,12 односно 0,22 проценти, еден ден откако Кина ги намали своите економски прогнози за 2015 година.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА