Долгови ќе отпишува и ЕЛЕМ
Објавено во: Економија 20 Август, 2014
Кон акцијата на Министерството за финансии за еднократно отпишување на долговите на граѓаните се придружи и АД „Електрани на Македонија“.
Имено, Управниот одбор на компанијата донесе одлука за отпишување на долговите на граѓаните за искористената топлинска енергија испорачана од подружницата на АД ЕЛЕМ, „Енергетика“,информираат од компанијата.
Еднократното отпишување ќе се однесува на долговите за искористена топлинска енергија заклучно со 31. декември минатата година кои не се наплатени подолго од 12 месеци, а за кои е почната постапка за наплата.
Правото на еднократно отпишување на долговите може да го остварат само граѓаните кои како должници ги исполнуваат условите од постојниот Закон, велат од ЕЛЕМ.