14 Мај, 2024
0.0246

ДОМ НА ДУХОВИТЕ: Овие пет хотели важат за најстрашните!

Објавено во: Стил 02 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Дали би се осудиле да спиете во хотел за кој важи општо мислење дека е дом на духовите? Овие пет хотели важат за најстрашните!

5. Хотел Монтелеоне

Овој хотел е познат по преубавото Piano и  Lounge Bar, а е сместен во Њу Орлеанс. Него наводно го опседнуваат духови на покојници, а во него дури и бројни научници направиле истражување за да откријат дали тоа е навистина така. Сопстевниците тврдат дека е, а научниците повеќе никој не ги видел ... Се шегуваме секако.

4. Квин Мери

Овој популарен прекуокеански брод, иако повеќе не плови на океаните, и понатаму служи како туристтички објект, а е сместен во Лонг Бич во Калифорнија. Со Неговите ходници наводно патролираат духови на починатите морнари кои животот го изгубиле на бродот, како и една „жена во бело“ која се удавила во бродскиот базен. Овој хотел дури и „Magazine Time “ го прогласил за најстрашно место на светот.

3. Хотелот Станли

Овој хотел станал популарен бидејќи токму во него Стив Кинг пронашол инспирација за својот калсик „The Shining“. Бројни гости пријавувале необични појави кои до денеска останале мистериозни. Една, за време на аматерско истражување на духови, на еден од прозорите наводно е виден дух на момче како стои и ги набљудува истражувачите.

2. Банф Спрингс Хотел

Сместен во Алберт  во Канада, овој хотел е познат по честите престојувачи на бројни кралски семејства во 1930-тите години. Низ хотелот наводно кружат духови на починат рецепционери и невестата која изгорела во оган откако свеќа и го запалила фустанот.

1. Куќата на Маршал

Оваа шармантна куќа е сместена во Савана и во исто време е најстариот хотел од овој град. Неколку гости рекле дека слушале детски плач - иако во хотелот и околината немало деца. Исто така, некои изјавиле како почуствувале дека деца ги скокоткаат по нозете кога спијат.

Многу фантазија или ....