ДОЖД, СНЕГ И ВЕТЕР: Во новата работна недела ќе има промена на времето

Објавено во: Македонија 05 Април, 2025 08:10
Oд утре се очекува промена на времето.
Во недела нѐ очекува претежно облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места од снег. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (10 до 15см). Ќе дува засилен северен ветер (над 70км/ч.). Минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени до 8 степени, а максималните дневни ќе бидат од 4 степени до 13 степени.
Метеоролозите за во понеделник најавуваат променливо облачно и студено, наместа со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од -5 степени до 1 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 2 степени до 10 степени.
Времето денеска во цела Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Можеби ќе ве интересира
Инвеститор градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, им урна ѕид на станари, општината ги повика да тужат

Тошковски: Организаторите во измамата со брзи кредити по итна постапка ќе бидат спроведени пред суд

МВР објаснува: Кривичните пријави „за организирање отпор“ се за непочитување на седумдневната жалост

Казна за кланица која испуштала крв во река во Струмица
Тензии во Кочани, во понеделник се бира в.д. градоначалник

Тетовските судии во одбрана на Ферати: Досудил најстрога казна за прегазувањето на Тамара

МВР со вонредно предупредување: Чувајте се од „фишинг“ измами

Гол маж приведен во центарот на Скопје, па однесен во психијатриска болница

Фондот за здравство се огради од вработениот кој давал податоци за брзи кредити: Изолиран случај, граѓаните да ни веруваат
