„ОВА НЕ Е НЕСРЕЌА, ОВА Е УБИСТВО“: Семејствата на настраданите маршираа во Кочани

Објавено во: Македонија 05 Април, 2025 12:40
„Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Стоп за селективна правда“ се дел од пораките на транспарентите кои денеска на маршот ги носеа кочанчани. Семејствата носеа слики од загинатите млади луѓе.
Тие бараат правда за жртвите кои загинаа во пожарот во дискотеката Пулс на 16 март годинава. На 16 на лице место загинаа 59 луѓе, а вчера почина и Александар Карадаковски кој беше однесен на лекување во Литванија. Повредени беа над 200 луѓе. На концертот на ДНК, од пиротехника се запали плафонот и предизвика пожар.
Телото на Карадаковски ќе биде транспортирано во Македонија, а обдукцијата на телото ќе биде извршена во Судска медицина во Скопје, соопшти министерот на здравство.
Инаку, тој беше еден од 27-те осомничени физички лица во истрагата за пожарот што ја отвори Основното јавно обвинителство во Кочани, но постапката за него ќе биде прекината, информираа вчера од Јавното обвинителство.
Инаку, кочанскиот независен советник, Венко Крстевски кажа дека неговиот град е „пуштен низ вода“.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
„ДОБРО БЕ, АМАН, ЗНАЕМЕ, ТИ И АНДРЕЈ“ - жестока критика на Роберт Милески до Врчак: Зошто не се споменуваат и другите жртви од трагедијата

„ЕНЕ ЈА ТРЕСКА ШО И ФАЛИ“: Ина Многуфина распали за потрошувачката кошница 'манго и папаја е нормално за Влада бидејќи расте кај Валандово'

„ТОА ТРЕБА ДА ГО ПРАШАТЕ ТАРАВАРИ“: Меџити пред средбата на лидерите на партиите дел од коалицијата „Вреди“ - Таравари вели нема поделби

„ГО ВОЗНЕМИРУВАМ ЧОВЕКОТ КОЈ СМЕТАМ ДЕКА Е НЕПРАВЕДНО ОСУДЕН“ - еве што порача Палевски од судницата
„НЕ МОЖЕ ДА ДОДРЖИ ОБВИНЕНИЕТО КОН АЛЕКСАНДАР“: Туфегџиќ по денешното судење укажа дека имало 'понижувачки однос' кон таткото на Вања

„Советниците на власта со максимални напори се трудат да го избегнат изборот“: Крстевски - единствен кандидат за градоначалник на Кочани

ЕДНО ЛИЦЕ ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ДВЕ ЛИЦА ОД ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР: Обвинителство за останатите бара продолжување на мерките

ТРИ ЛИЦА КОИ СЕ ЛЕКУВАА ВО БУГАРИЈА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: во тамошните болници има уште пет повредени во пожарот во Кочани

„НЕ ВИДОВ КОНКРЕТНИ ЧЕКОРИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА ВАЊА“: Александар со детали за потрагата и за имотот кој требало да им го препише на девојчињата
