Донации во континуитет за повеќе социјални и ранливи групи граѓани
Објавено во: Мои пари 13 Август, 2015 20:10
„Храна подарена од срце“ е уште една демонстрација на својата грижа за заедницата спроведена од страна на најголемиот производител на леб, Жито Лукс. Кампањата е специјално создадена и наменета за помош на установи каде се згриженидеца или граѓани од социјално ранливикатегории.
Една од овие установи е и Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари, кој што во текот на целата година ќе биде снабдуван со свеж леб.За штитениците на центарот, компанијата ќе доставува Грахамлеб приготвен од интегрално пченично брашнокој е извор на целулозни влакна и протеини и претставува основа за здрава и избалансирана исхрана.
„Вредноста на кампањатае од непроценливо значење за нас. Компанијата Жито Лукс, со својата едногодишна донација на најдобар можен начин ја демонстрира својата грижа и за децата од улицата. Покривањето на неделните потреби од свеж леб во текот на цела година е добредојдено и стимулативно за целосното функционирање на центарот. Затоа нашата благодарност е голема“, изјави Ирена Велковска од Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари.
Кампањата „Храна подарена од срце“ се одвива во континуитет при што компанијата избира различни институции и установи каде што помошта е најнеопходна. Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари, беше избран по иницијатива од Лице в лице, Регионалната платформа за активизам, која економски и социјално ги засилува маргинализираните групи.
Со ваквиот ангажман, Жито Лукс воедно придонесува за подигнување на јавната свест за потребата од вклучување на деловните субјекти во општествено хумани активности.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




