30 Јуни, 2024
0.0325

Донесена одлука: Цената на струјата за домаќинствата зголемена за половина процент

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, денеска официјално објави дека од 1 јули цената на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за половина процент.

За домаќинствата од прв и втор блок, односно оние кои не навлегуваат во третиот блок, пресметките велат дека нвните трошоци се зголемуваат за 0,4 проценти.

За оние 8 проценти кои навлегуваат во третиот ценовен блок, нивниот трошок за 0,48 проценти, а оние 4 проценти кои стигнуваат со потрошувачката до 4 ценовен блок ќе плаќаат за 0,57 отсто поскапо.

- На ЕВН Хоме му дадовме насока оние 15 отсто, кои нема да ги набавува од АД ЕСМ, да ги набавува на берзата на електрична енергија која функционира во Македонија и да купува во периоди кога цената е блиску до таа на ЕСМ - 60 евра мегаватчас, рече Бислимовски.

Првиот човек на РКЕ додаде дека позитивно делувале и законските измени кои речиси едноглчасно по скратена постапка ги донесе Собранието, со што се овозможи новата профитна маржа од 9,9 проценти, наместо досегашните 11 проценти маргина на ЕВН Хоме како универзален снабдувач да важат од 1 јули.

-. Овие измени на Законот овозможија да не се формира нова компанија така што ќе се создадеше нова конфузија за граѓаните. Очекувам ЕВН Хоме да го направи тоа што треба за да нема зголемени трошоци за набавка на електрична енергија, истакна Бислимовски.


Можеби ќе ве интересира

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот