17 Мај, 2024
0.0260

Дополнителни 30 дена за одобрување на увезените камиони со ЕУРО 3

Објавено во: Економија 27 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Продолжен рок од 30 дена  ќе добијат увезените камиони со ЕУРО 3  стандардот кои влегле во Македонија до 30 јуни,  за да ја завршат постапката на одобрување, соопшти Министерството за економија.

Со цел да се излезе во пресрет на барањата на увозниците - сопственици на половни товарни возила (камиони), кои го исполнуваат ЕУРО 3 стандардот, но од различни причини не отпочнале постапка, односно не поднеле барање за одобрување на возило до органот за одобрување – Бирото за метрологија, во периодот до 30 јуни 2013 година, со дополнување на Правилникот за единечно одобрување на возило е предложен рокот од 30 ден.

Причина за ова, како што е наведено во соопштението, била информацијата за значителен број товарни возила, кои го исполнуваат ЕУРО 3 стандардот и за кои веќе се платени царинските давачки и поседуваат царински декларации, а влегле во Република Македонија до 30 јуни 2013 година.

Министерството за економија во неколку наврати вршеше измени и дополнувања на Правилникот за единечно одобрување на возило со што директно влијаеше на подобрување на структурата и квалитетот на возниот парк на фирмите превозници во патниот сообраќај, вршејќи замена на стариот возен парк со понови и подобри возила.

Во периодот по 1 октомври 2012 година (откога стапија на сила новите технички барања согласно Правилникот за единечно одобрување на возило) во Република Македонија можат да се увезуваат само возила од категорија Н1, Н2 и Н3 (товарни возила) кои ги исполнуваат ЕУРО 4 стандардите.

Министерството за економија, според соопштението, сметаше дека е потребно да се изврши продолжување на периодот во кој ќе може да се врши увоз на товарни возила, кои ги исполнуваат ЕУРО 3 стандардите од причина што товарните возила со ЕУРО 4 стандарди се значително поскапи и нивниот увоз дополнително ќе го оптовари работењето на фирмите кои товарните возила ги користат за превоз на стоки, односно  како основни средства за работа.

Според царинската статистика за увоз на возила на Царинската управа на Република Македонија од декември 2012 до јуни 2013 година беа увезени 880 половни возила од категорија Н и О.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА