17 Мај, 2024
0.0331

Досие Драги Рашковски - професор, иноватор, генерален секретар на Влада

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Изборот на Драги Рашковски за нов генерален секретар на Владата предизвика доста бурни реакции бидејќи сепак, станува збор за една важна функција иако е далеку од моќта која ја имаат министрите или нивните заменици. За Рашковски многу добро се знае на Правниот факултет „Јустинијан Први“ каде токму тој беше задолжен за компјутерските системи за полагање, пракса која на многу професори и не им беше омилена бидејќи немаа никакво влијание врз успешноста на студентот кој ако добро научи без проблеми може да положи. Новиот генерален секретар на Владата освен, што е професор со три магистратури и два доктората е и иноватор со повеќе правно-технолошки пронајдоци кои може директно да се применат во демократските процеси.

Професорот Рашковски е по потекло од Струмица и затоа не изненадува блискоста со новиот премиер Зоран Заев кој во својот тим одбира луѓе кои му се од доверба. Во случајот на Рашковски голема поткрепа има и неговото професионално CV кое говори за извонреден експерт во правото, но и во информатичките системи. 

Рашковски лани говореше за прочистувањето на избирачкиот список, за неговиот дамнешен патент за електронска гласачка кабина, како и за концептот за одржување на прецизен и непристрасен попис, идеи кои привлекоа голем интерес кај стручната јавност но, не беа искористени за изборите на 11 декември, па можеби истите би биле земени во предвид за локалните избори на 15 октомври со кои ќе се решат многу дилеми. 

Професорот исто така се најде на листата на контра-пленумот, како неформално здружение на професори со поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, а против Професорскиот пленум кој бараше да се сочува автономијата на Универзитетите од несоодветните реформи. Сепак, и тоа го објасни како чиста злоупотреба бидејќи кога било потпишано фамозното професорско писмо со потписи од околу 200 членови на академската заедница тој воопшто не бил во Македонија за што има и доказ. 

За стапувањето на новата функција Рашковски порача дека ќе биде отворен за граѓаните и новинарите.

- Генерален секретар на Влада е одговорна функција. Двигател на владината служба. Секоја ваша идеја е добредојдена. Генералниот секретаријат на влада и по службена должност треба, но и затоа што му требаат, ќе ги прима Вашите идеи. Владата е на сите. Да ја направиме општо добро, напиша Рашковски на својот Фејсбук профил.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник