ДОСИЕ МИЛО ЃУКАНОВИЌ: Од пудлица на Милошевиќ до миленик на западот?!
Објавено во: Балкан 26 Октомври, 2015 08:15
Само 10 години подоцна, Ѓукановиќ влегува во црногорските власти, по претепувањето на работниците од страна на тогашната комунистичка власт на „Жута греда“, кои извикуваа "Нема работа додека владата не паѓа". Имено работниците од железарата "Борис Кидрич" од Никшиќ се упатија кон Титоград за да протестираат против властите. Но по пат тие биле пресретнати од страна на полициски службеници кои ги нападнале со солзавец и палки. Слично како и полицијата на Ѓукановиќ која во последните неколку дена ги растеруваше опозицијата и демонстранти во Подгорица. Иако комунистичката власт во Црна Гора се обиде насилно да го спречи заминувањето од власт, а Ѓукановиќ најверојатно се кандидираше да влезе во владеачката гарнитура изјавувајќи дека полицијата претерала и дека во Црна Гора нема да се случи потпо, туку дека луѓето ќе бидат посреќни, отколку што биле.
По падот на владата на Црна Гора. Во 1989 година Ѓукановиќ влегува во новата владеачка гарнитура, а само две години подоцна со голема поддршка на Слободан Милошевиќ станува премиер на Црна Гора. И тоа најмладиот во историја, затоа што тој има само 29 години.. Интересно е да се истакне дека Ѓукановиќ влезе во владеачкиот естаблишмент, токму истата година кога е срушен Берлинскиот ѕид, а во моментов е единствениот европски владетел, кој успеа да се одржи на челната позиција од тоа време, пишува српски Курир.
Разделбата со Слободан Милошевиќ
Ѓукановиќ е на владеачки позиции дури 27 години, но неговиот однос кон оние кои го поддржуваа на власт често се менуваше. Па, така само три години, откако тој стана премиер, почна да го менува нивниот однос кон Слободан Милошевиќ, кој се одрази и на односите во неговата Демократска партија на социјалистите. Веќе во 1997 година, тој беше отворено против тогашниот водач на Србија, па дури и во едно интервју изјави дека дека политичката филозофија на Милошевиќ е застарена и дека тој е опкружен со корумпирани помошници.
Ја искористи подршката од Милошевиќ, па му сврте грб
Иако, подршката од Милошевиќ беше клучна за да Ѓукановиќ стане премиер на Црна Гора, тоа не му пречеше да го нападне Слободан Милошевиќ, а после ова интервју дојде и до цепење на ДПС, од партијата излезе Момир Булатовиќ кој ја основаше Социјалситичката народна партија. Ѓукановиќ на овој начин почна да ја зацврстува својата власт во Црна Гора. Отприлика тогаш почна и неговата националистичка реторика во која се претставуваше како некој кој ги чува интересите на Црна Гора, а многу често раководството од Србија беше апотрофирано како проблем во таа замисла.
Затоа веќе во 2000 година ДПС ги бојкотираше тогашните сојузни избори и тогаш веќе отворено почна да зборува дека Црна Гора треба да се осамостои. Две години подоцна потпишува договор за основање на Државна заедница Србија и Црна Гора, кој беше со важност од три години, за да во 2006 година распишува референдум за конечно отцепување на Црна Гора, каде неговиот Блок за независна Црна Гора доби подршка од 55% од граѓаните. На крилјата на црногорскиот национализам, Ѓукановиќ ја зацрвсти власта и тој практично станува неприкосновен владетел на Црна Гора.
Тутунската афера и убиството на Пуканиќ
Мило Ѓукновиќ според податоците кои ги објавуваат медиумите еден од најбогатите државни лидер во светот, чие богатсво е ноколкупати поголемо од богатството на американскиот претседател Барак Обама. Се шпекулира дека имотот му е вреден околу 11 милиони евра. Интересно е што никој нема објавено како Ѓукановиќ го стекнал своето богатство, со оглед дека на власт пред 27 години, судејќи по фотографиите од тоа време, дојде малтене во патики и џемпер. Исто така, треба да се знае дека за него лично и неговото владеење се поврзуваа многу афери. Најпозната е аферата шверц со цигари.
Имено, службата за борба против мафијата во Италија објави извештај според кој Црна Гора за време на неговото владеење е опишана како „рај за незаконска трговија и засолниште за криминалците“. Во извештајот кој во 2009 година го објави Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари пишува дека тужбата која Бари ја подигна против Ѓукановиќ е напишано дека Црна Гора од 1994 до 2002 година била „рај за шверц на цигари“, во кој учествувале италијанските картели Камора од Наполи и Сакра корона унита од регионот Пуља, на југот на Италија. Новинарите откриле дека Ѓукановиќ поседува недвижности и компании во вредност од 14,7 милиони американски долари, неговиот брат цо Ѓукановиќ 167 милиони долари, а сестра му Ана околу 3,5 милиони долари, пишува српски Курир.
„Во судските документи се наведува дека Ѓукановиќ е до гуша вмешан во се. Тој бил свесен за огромната количина на пари кои доаѓале од незаконското криумчарење на тутун кој бил во раце на италијанскиот организиран криминал“, се оценува во текстот. Меѓутоа италијанскиот суд многу брзо отстапи од гонењето на Ѓукановиќ бидејќи тој имаше имунитет со оглед на високата државна функија која ја извршуваше.
Го поврзуваа и со убиството на новинарот Иво Пуканиќ
Ѓукановиќ, медиумите го поврзуваа и со убиството на уредникот на хрватскиот неделник „Национал“, Иво Пуканиќ, кој сведочеше во Бари за криминалната група на Балканот.
„Јасно и гласно кажувам, уште еднаш, убиството на Иво Пуканиќ има директна поврзаност со сведочењето на Мило Ѓукановиќ, во својство на тужен во Бари“, изјави поранешниот шеф на мисијата на Вашингтон Ратко Кнежевиќ.
Српското и хрватското обвинителство осуди неколку луѓе, за кои се тврди дека се блиски до Сретен Јоциќ, за убиството на Пуканиќ, а по српската тужнба пишува дека е усмртен од „за сега неидентификувани лица“, постигнат договор тој да биде убиен за 1,5 милион евра, пренсува во досието српски Курир.
Низа афери
Аферата со Пуканиќ, е само дел од она што се случувало за време на владеењето на Ѓукановиќ, па така е познат и случајот со убиството на главниот уредник на весникот „Дан“ Душко Јовановиќ. Овој весник беше прилично критичен спрема власта на Мило Ѓукановиќ, а и после 10 години сеуште не се знае кои биле мотивите и кои се нарачателите, иако имаше осудено за соочусници за убиството.
Убиствата се само некои од најтешките кривични дела кои го прата владеењто на Ѓукановиќ, а голем број од афери се поврзани и со економски криминал. Па така, една од послените беше минатата година, кога реагираше дури и американската амбасада во Подгорица, во ворска со продажбата на црногорскиот „Телеком“. Имени, официјлен САД потврди дека тројца раководители на „Маџар Телеком“ подмитиле владини функционери во Црна Гора за да оваа компанија стане сопственик над „Телеком Црна Гора“. Американците тогаш соопштија дека овие владини функционери од унгарците зеле дури 7,35 милиони ерва, како и тоа дека мито добила и „сестрата на највисокиот владин фунцкионер кој се занимава со адвокатура“. Минатата година е објавен и податок од (GFI) Глобалниот финасиски интегритет дека од Црна Гора од 2001 до 2010 година се изнесени 6,2 милијарди долари, пишува во досието српски Курир.
„Вјести“ од Подгорица објавија дека Прва банка, која ја контролира семејството на Мило Ѓукановиќ, работела со уапсениот нарко бос Дарко Шариќ, а нему и на неговите соработници им отворала сметки и одобрувала исклучително поволни услови.
Биографија
Мило Ѓукановиќ е роден на 15 февруари 1962 година. Роден е во Никшич во фамилија од средната класа (татко му Радован бил судија, а мајка му Стана медицинска сестра) од некогашното црногорско племе Цуца, Ѓуканович пораснал со неговиот постар брат Ацо и постарата сестра Ана.
Основното и средното образование го завршил во неговиот роден град, Никшич, а подоцна се запишал на Факултетот за економија при Унирвезитетот ,,Вељко Влахович,, во Подгорица каде што во 1986 година дипломира на туристички студии. Во младоста Ѓуканович со неговите 190см. висина бил истакнат кошаркарски играч.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




