Доста беа згради: Во скопски Аеродром ќе никнат четири нови паркови
Објавено во: Стил 03 Ноември, 2018 13:54
Јавен повик за изработка на проекти за 4 нови паркови е распишан од страна на општина Аеродром. Плановите за реализација на парковите се три од нив да се изградат во Стар Аеродром.
Нов парк со површина од 3.200 квадратни метри се планира да биде изграден долж улицата ,,Методија Шаторов Шарло”, вториот парк ќе никне покрај улицата ,,Новопроектирана 1” на површина од 4.600 квадратни метри и парк на површина од 1.000 квадратни метри се планирани за изградба на раскрсницата меѓу улиците ,,Пандил Шишков” и ,,Фрањо Клуз” во истата населба.
Четвртиот парк се планира да биде изграден на површина од 2.500 квадратни метри на површина меѓу зградите во индустриската зона УЕБ покрај булеварот ,,Трета македонска бригада”. Во тек е тендерската постапка за избор на фирма која ќе го гради новиот парк во населбата Мичурин, чија изведба треба да започне наскоро.
Во соопштението се наведува дека општина Аеродром останува посветена на своите заложби за заштита и подигнување на нови зелени површини на својата територија. За таа цел набавени се околу 1.800 вискоизраснати дрвја кои ќе се засадат на повеќе локации во општината.
Фото: Фејсбук/Општина Аеродром
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





