05 Мај, 2024
0.0241

ДОЗНАЈТЕ КОИ СЕ: Најевтини градови на светот!

Објавено во: Стил 08 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Кои се најефтини градови на светот? Едно обемно истражување откри десет градови за чија посета нема да ви треба длабок џеб. Како и да е, тие се најефтини на светот.

10. Тунис

Десетиот најефтин град на светот е Тунис во истоимената држава. Повеќето афрички градови поскапеа минатата година но не и оваа престолнина.

9. Мадрас

Градот Мадрас во Индија е поефтин и од Њу Делхи и од Бомбаи, иако животот во тие два града значајно поефтинил со падот на вредноста на рупијата во однос на американскиот долар.

8. Кито

Кито во Еквадор е осмиот најефтин град на светот и прв од четири града од Централна и Јужна Америка за чија посета нема да ви требаат многу пари.

7. Мексико Сити

Трошоците на живеење во една од најнаселените престолнини во светот значајно се намалени во однос на минатата година.

6.Оукланд

Оукланд исто така поефтинил и поради тоа заслужил да се најде на шестото место на оваа листа.

5. Велингтон

Градот на северниот остров на Нов Зеланд у понатаму е ефтин. Истражувањето делумно ја објаснува репутацијата на островот како популарна дестинација, бидејќи нуди многу, за малку пари.

4. Карачи

Карачи во Пакистан е најефтин град во Азија, а по висината на цените се наоѓа на 140 место.

3. Асунсион

Трет на врвот ефтин град е престолнината на Парагвај. Иако изгледа парадоксално, животот во градот поскапел, бидејќи во 2008 го заземал првото место на листата најефтини градови.

2. Монтереј

Монтереј во Мексико за влакно го избегна првото место. Тука живеењето, превозот, храната, облеката, мебелот и забавата се навистина “џабе“.

1. Јоханесбург

Јоханесбург официјално ја понесе титулата најефтин град на светот. Пред стравичниот земјотрес Токио бил најскапиот град, каде животните намирници биле поскапи речиси трипати оповеќе од Јоханесбург.