ДПА може да добие едно, но моќно министерство
Објавено во: Македонија 05 Април, 2018 07:09
ДПА е се поблиску до официјален влез во владата на Заев со тоа што за поддршката на нивните двајца пратеници во Собранието кои често му помагаат на парламентарното мнозинство кога е густо би добиле едно но, многу моќно министерство со што би се задоволиле апетите на лидерот Мендух Тачи.
Досега, ДПА истакнуваше на повеќе наврати дека е подготвена да ги поддржи сите неопходни реформски процеси без притоа премногу да профитира на политички начин, ниту пак јавно да поставува услови или дополнителни барања со што партијата на Тачи делува како една од најпринципиелните во изминатата година.
Засега, не е точно дефинирано кое министерство може да го добие ДПА, но се претпоставува дека во игра е министерството за образование ако се случи „трампата“ меѓу СДСМ и ДУИ. Поточно, ако министерката Рената Дескоска-Треневска биде префрлена во правда, за потоа ДУИ да и го препушти министерството за образование на ДПА.
Оваа партија и во минатото има раководено со министерството за образование и тоа во првата влада на Груевски при што министерот Рушити беше познат по тоа што ја спроведе државната матура која тогаш стана задолжителна за сите средни училишта, а беа укинати приемните испити на факултетите.
Останатите ресори засега не е познато дали и се достапни на ДПА и што од владиниот колач може да им биде понудено, односно се ќе зависи од тоа дали во владината коалиција ќе влезе БЕСА, поточно кажано двете крила на оваа партија поделени во две пратенички групи со двајца пратеници лојални на Касами и тројца пратеници лојални на Африм Гаши.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




