Драган Даниловски: Без вакцина, кога тогаш ќе се заразите со Ковид-19
Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2021
Епидемиологот Драган Даниловски и порача на јавноста дека без вакцинирање против Ковид-19, прашање на време е кога неимунизираниот граѓанин ќе заболи од вирусот.
„Тоа е заклучок од здравата логика. Кога тогаш, било кој граѓанин не може да не дојде во контакт со вирусот, кога тогаш ќе го добие, тој е ендемски распространет“, вели професорот во вестите на Канал 5.
Или вирус, или вакцина, трето нема - порачува тој.
„Смртноста кај нас е три отсто. Од 100 инфицирани тројца задолжително ќе умрат. Според досегашните податоци, во САД од 1,1 милиони вакцинарни само шест покажале алергиски реакции, ниту еден не умрел. Значи едноставно неспоредливо, вели тој.