17 Мај, 2024
0.0266

Драги: Европа се враќа, стимулациите ќе ја зголемат инфлацијата

Објавено во: Економија 11 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Шефот на Европската централна банка Марио Драги изјавил дека економијата на еврозоната се опоравува и дека последните прифатени иницијативи ќе успеат да престане да паѓаат цените, што може да наштети на растот и пазарот на трудот, објави „АП“.

На прес-конференцијата денес тој појаснил дека реконструкцијата треба „постепено да се проширува, се надевам и да се зајакне“. Во последниот квартал на 2014 година, економскиот раст во еврозоната е 0,3% во однос на претходниот квартал - поголем од предвидувањата на економистите.

Спречено е забавувањето на економскиот раст, увери шефот на ЕЦБ. Драги рече дека усвоената програма од банката за откуп на државни обврзници од вредност „ќе ја стабилизира инфлацијата во согласност со нашата задача“.

Во февруари корисничките цени се за 0,3% пониски од пред една година, што е далеку од поставената цел од Европската централна банка цел за здрава инфлација од 1,8-2,0%.

Според него мерките на банката, вклучувајќи ја програма од 1,1 трилиони евра за откуп на обврзници, која стапи во акција од понеделникот, „значително ја намалуваат можноста“ ниската инфлација да стане хронична, незапирливото паѓање на цените, што може да натежни на економијата .

Ниските цени на нафтата се исто така клучен фактор во Европа за негативните инфлаторни нивоа.

Со новата програма за „квантитативно олеснување“ се цели да се зголеми инфлацијата во еврозоната, што соодветно може да помогне за стимулирање на економскиот раст и отворање на нови работни места. Купување на државни обврзници ќе трае до септември 2016 година. Предвидено е на месец дена да се купуваат обврзници  од вредност за околу 60 милијарди евра.

Еден од најистакнатите ефекти од почетокот на програмата е поевтинувањето на еврото, што треба да им помогне на извозниците. Денес едно евро се разменува за 1,0655 долари - речиси 40 центи помалку од мај 2014 година.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА