ДРАМА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО СКОПЈЕ - Кумановец се судрил со мечка, едвај извлекол жива глава
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2022 07:00
Кумановецот Африм Исуфи во понеделникот вечерта доживеал опасна средба со мечка на автопатот Тетово-Скопје, од која успеал да излезе жив и неповреден по 30-минутна драма, објави порталот на албански јазик Опен ТВ.
Исуфи раскажува дека инцидентот се случил на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, нешто пред полноќ.
– Доаѓав од Гостивар, одев дома во Куманово. Неколку километри откако ја поминав првата наплатна рампа во Тетово, возев со нормална брзина, наеднаш мојот автомобил „Голф 5“ удри во нешто напред, од десната страна. Потоа, мојот автомобил лебдеше во воздух и по неколку метри падна на земја. Некако успеав да ја застанам колата на сред автопат и гледам како од неа излегува пареа. Отпрвин помислив дека мора да е некоја дива свиња, бидејќи беше нешто многу моќно. Излегов од автомобилот и гледам големо животно како доаѓа во мојот правец. Беше страшно и ништо не се гледаше. Се исплашив и влегов во автомобилот, кој беше многу оштетен – раскажува Исуфи.
– Животното се приближи до мојот автомобил, а кога го видов, тоа беше мечка. Почна да удира силно – од нејзините тупаници, верувајте, колата се тресеше. Не помина многу време, мечката падна на земја. Кога ја видов како паѓа, излегов од автомобилот и ги видов нејзините повреди од судирот. Таа повторно стана и јас пак влегов внатре, тоа траеше 30 минути. Тогаш мечката повторно падна на земја и повеќе не стана, а јас бев спасен – вели кумановецот, кој потоа се сликал со угинатото животно.
Тој вели дека на местото на настанот излегла и полицијата, на која ѝ дал изјава, Африми вели дека има горчливи искуства со мечките – ова е третпат како доаѓа во близок контакт со нив. Сега прима терапија поради шокот што го преживеал на автопатот.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




