ДРАМАТИЧНИ ВЛАДИНИ МЕРКИ ЗА ЈАВНИОТ СЕКТОР - се намалуваат систематизираните работни места, а 30 отсто ќе работат од дома, но платата нема да им биде иста
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2022 10:44
Драматични мерки за јавниот сектор донела Владата на својата 88 седница, а Синдикатот на УПОЗ дошол до заклучоците од таа седница.
Фактор дојде до овој документ.
Таму се наведува дека се задолжуваат буџетските корисници и другите правни субјекти од јавниот сектор да ги спроведуваат и почитуваат мерките и препораките според планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст.
Меѓу нив има и мерки и перпораки за намалување на расходите, а како потточка е наведено консолидација на расходите за плати и надоместоци преку намалување за 10 отсто во однос на утврдените лимити, односно планираните средства за 2023 година.
Па, се препорачува рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор врз основа на функционална анализа, која е услов за донесување на нови, како и за промена на организационата поставеност или зголемување на бројот на систематизирани работни места во постојните акти за внатрешна организација и систематизација.
Врз осова на претходно изготвената функционална анализа, намалување на систематизираните работни места и зголемување на ефикасноста и продуктивноста на вработените.
Исклучок може да бидат само оние сектори што се битни за ЕУ интеграциите.
Потоа, новите вработувања да се реализираат главно преку мобилност и преземање на вработени од други институции од јавниот сектор, при што се препорачува бројот на нови вработувања да не надмине 80 отсто од испразнетите работни места. Ако треба, МИОА да направи законски измени со кои ќе се овозмопжи тоа преземање.
Намалување на трошоците за прекувремена работа за најмалку 20 отсто, преку поголема контрола на одобрувањето на преклувремената работа, како и користење слободни денови наместо надоместоци за прекувремена работа, главно кај МВР, Агенцуија за разузнавање, АНА и други институции.
Се препорачува работодавачите да воспостават работа од дома, до 30 отсто од вработените, со нивно ротирање, без да се наруши функционирањето на институцијата.
Овде висината на платата да биде утврдена согласно законските прописи и ангажманот на вработените, при што мора да се постави ефективен надзор и контрола на работењето од дома врз секоја институција од јавниот сектор.
Во овој огромен документ, се бара и намалување на трошоците за стоки и услуги за 20 отсто.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




