Државата и натаму дели тендери „по најниска цена“
Објавено во: Економија 30 Декември, 2019 08:26
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари-јуни 2019 година, каде e констатирано дека старите навики се посилни од новиот Закон за јавните набавки. ’Најниската ценаʻ и електронската аукција остануваат неприкосновени и во првите месеци од примената на Законот кој од друга страна му дава приоритет на квалитетот.
Конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2019 година е влошена во однос на претходните две години. Просечниот број понуди на мониторираниот примерок изнесува само 2,74, а во дури 35 отсто од мониторираните тендери е добиена само една понуда.
Институциите најчесто не ја наведуваат проценетата вредност на тендерот во огласите за јавни набавки, што е во согласност со новините на Законот. Но, постојат многу случаи во кои понудените цени се симптоматично блиску до проценетата вредност, која понудувачите инаку не можеле да ја видат во тендерската документација.
Секој четврти тендер (25,8 %) е целосно или делумно поништен. Покрај вообичаените законски основи за поништување, додадена е и можноста тендерот да се поништи според инструкција од Бирото за јавни набавки, а по спроведена управна контрола.
Во првото полугодие од 2019 година, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас, склучени се договори во вредност од 9,6 милиони евра, што е за 11 % помалку од истиот период лани и тука има подобрување.
Анализата на мониторираните постапки за јавни набавки што ги спроведуваат институциите на локално ниво покажува дека овие тендери се спроведуваат како воопшто да го нема и да не важи новиот Закон за јавните набавки. Се забележуваат бројни недостатоци кај локалните тендери, најниската цена и натаму е основен критериум, а е-аукцијата е присутна кај дури 70 отсто од тендерите иако, кога беа задолжителни, и двете беа критикувани како главни причини за проблемите во јавните набавки. Поништувањето на тендерите не стивнува, а конкуренцијата опаѓа.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




