18 Мај, 2024
0.0293

ХИПЕРПРОДУКЦИЈА: Државата ќе гради 1.800 станови кај Касарна Илинден

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Државата во долгорочната програма за изградба на станови за продажба за 2019 година предвидува цела населба на површина на Касарната Илинден. Акционерското друштво за стопанисување со изградба на станбен и деловен простор оваа година ќе започне со расчистување на теренот за изградба на околу 1.800 станови во три објекти во урбаниот блок Б2 во северниот дел од Касарна Илинден.

Во најголемиот објект се предвидени 1.058 живеалишта со површина од 65.600 метри квадратни, во вториот 551 стан, а во третиот 263. Просторот за гаражи е со вкупна површина од околу 66 илјади метри квадратни. Предвидени се и девет деловни објекти со околу 550.000 вкупни метри квадратни.

Становите наменети за продажба во новопредвидените објекти за изградба, во целост ќе се финансираат од продажба на станбениот и деловен простор во изградба. Локациите се обезбедени на земјиште во сопственост на Република Македонија. Завршување и предавање во употреба на објектите се предвидува најдоцна 2024 година, а најрано до 2021.

Во долгорочната програма за станови наменети за продажба која ја објави АД за стопанисување и изградба на станбен и деловен простор се предвидени 58 згради со 4.140 домови низ Град Скопје и другите градови и населени места. По бројот на станови, следен планиран најголем објект по оние во Касарна Илинден е битолски Довлеџик со две згради од по 134 недвижнини. 

Вкупното чинење на изградбата на цеокупниот простор наменет за продажба изнесува 37.7 милијарди денари плус ДДВ. До крајот на 2018 година веќе се започнати вложувања во овие објекти кои изнесуваат 13 милиони денари.

Кристијан Трајковски, директорот на АДССДП, уште летоска најави хиперпродукција и можно ставање на „Касарна Илинден“ во програмата за 2019-та Останува нејасно дали проектот ќе се одвива со јавно приватно партнерство и во соработка со општина Чаир. Потегот кон касарната Илинден со одлука на Влада е превземен во годишната програма за изградба на деловен комплекс со станбени единици. 

Инаку, во краткорочната програма за оваа година се предвидени девет згради со помалку од 500 стана, а на истата се главно објекти во Карпош, Кисела Вода и Центар. Во изградбата на станови за лица од социјален ризик и ранливи групи се планирани 32 згради со околу 1.700 станови во главно на периферните населени места во македонските градови. За индивидуално домување има 18 објекти со 54 живеалишта во посебната програма.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра