Државите во ЕУ се согласни да се патува со ковид пасоши
Објавено во: Свет 14 Април, 2021
Во европското семејство прифатлива е идејата за воведување на ковид пасоши за патување. Земјите од ЕУ се усогласија за заедничкиот пристап за сертификатите за патување, oбјави денеска весникот „Бајеришер Рундфунк”.
Ковид пасошот треба да биде подготвен за примена до крајот на јуни. Пасошот ќе содржи податоци за вакцинирање, резултати од тестови и информации за прележан коронавирус. Земјите во ЕУ мораат сами да одлучат кои ќе бидат придобивките од сертификатот за нив, како што е ослободувањето од карантин. Тие мораат сами да одлучат дали да ги признаат вакцинациите со вакцини што се одобрени само во одредени земји, а не во ЕУ како целина, како што е руската вакцина „Спутник В”. Планирано е сертификатот да се издава бесплатно на хартија или во електронска форма, а сите потребни податоци мора да можат да се читаат преку баркод содржан во сертификатот.
Еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс изјави дека „зелените“ ковид-пасоши ќе се користат сè додека Светската здравствена организација не објави крај на пандемијата на Ковид-19, а авиокомпаниите ќе можат да ги бараат при закажување на летовите. Грција беше меѓу првите земји кои се залагаа за воведување на ковид пасоши.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.