Добивај вести на Viber
Франција дозволува Украина да ги користи нејзините ракети за напади длабоко во Русија. Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, во интервју за Би-Би-Си, изјави дека украинското пукање со оружје кон Русија ќе биде чин на „самоодбрана“. Тој не потврди дали тоа веќе се случило. Москва силно ја критикуваше изјавата на Баро, а портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави за државната новинска агенција ТАСС дека одобрението „не е поддршка за Украина, туку смртна казна за Украина“.Франција се придружи на Соединетите Американски Држави(САД) и Велика Британија во сигнализирањето на Украина дека е дозволено да користи оружје со долг дострел против цели на руска територија, објави германската новинска агенција ДПА.Оваа недела, Украина истрелала крстосувачки ракети со долг дострел ATACMS од американско производство и британска Storm Shadow врз воени цели во Русија. Украинската страна очекува дека во 2025 година војната може да заврши.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.