Духот на валутната војна веќе талка низ светот
Објавено во: Економија, Свет 08 Февруари, 2016 14:38
Учесници на девизниот пазар предупредуваат дека се наближува вистинска валутна војна во светот, прогнозираат експерти за „Блумберг“.
Опасноста доаѓа од Централната банка на Јапонија и силното поскапување на јенот во однос на доларот. Ниту САД, ниту Европската унија, ниту Кина ќе успеат да останат настрана од процесите.
Во последниот работен ден на минатата недела јенот покажа раст од 3,6% во однос на доларот за недела и ја достигна границата од 116.7 јени за долар, што е максимум од јули 2009 година. Јапонската валута падна до минимумот во јуни 2015 година, но оттогаш поскапува и во земјата има дефлација.
Затоа глобалните инвеститори се насочија кон неа како кон „тивко пристаниште“ за парите. Причините за ова се неколку. Прво, Кина е непредвидлива, откако економијата го забави растот во 2015 година. Проблемите на берзата пак доведоа до опасност од нова девалвација на јуанот во 2016 година.
Сега многу зависи од состојбата на економијата на САД и одлуките на Федералните резерви. Откако веќе е јасно дека невработеноста се намалува до 4.9%, ФЕД ќе треба да донесе одлука за каматните стапки во март. Дали ќе ја зголеми или ќе ја остави на сегашното ниво и така ќе предизвика поскапување на доларот и забавување на економијата.
Третиот фактор е цената на нафтата. Таа се движи во опсег 30-37 долари за барел во последно време, а имаше и случаи да се мине и психолошката граница од 30 долари за барел.
Развојот на овие три фактори ги тераат инвеститорите да бегаат од вообичаените позиции и да вложуваат во јенот, еврото, фунтата и швајцарскиот франк. Тоа е разбирливо, но и предизвикува реакција на соодветните централни банки, бидејќи никој нема интерес од скапа валута и намалување на девизните приходи од извозот.
Според „Блумберг“ ако доларот продолжи да поевтинува и во следните месеци, ЕЦБ и Банката на Јапонија ќе преземат мерки. Се прогнозира дури воведување во Јапонија на нов данок на потрошувачка, ако јенот продолжи да поскапува, а дефлацијата во земјата се зголеми.
Станува јасно дека многу земји се подготвени да ја користат девалвацијата на националните валути за да го поддржат извозот и растот на својот Бруто домашен производ. Ако Федералните резерви ги укине каматните стапки, нова спирала на валутната војна во светот ќе биде неизбежна.
Можеби ќе ве интересира
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри




