ДУИ незадоволна од министрите Лика и Бектеши
Објавено во: Економија 13 Мај, 2018
Како што дознава 1ТВ од партиски извори, раководството на ДУИ не било задоволно од работењето на министрите во Владата - Хазби Лика и Крешник Бектеши, кои веќе добиле критики. Централното претседателство, според истите извори, би го поддржало Ахмети доколку сака да предложи смена на дел од министрите.
Демократската унија за интеграција во јуни ќе одржи партиски Конгрес, најавил лидерот Али Ахмети на партискиот состанок. Првите луѓе во власта од ДУИ поднеле детални извештаи пред Претседателството на партијата и дефинирале идни приоритети е цели.
– Членовите на Претседателството го разгледаа и напредокот во спроведувањето на програмата за секој дел од власта посебно и дадоа конкретни упатства за продолжување на работата во духот на исполнување на изборните ветувања и адресирање на очекувањата на граѓаните, се вели во партиското соопштение.
ДУИ ги оценува преговорите за спорот со името како ветувачки и ги охрабрува властите храбро да пристапат кон затворање на долгогодишниот спор