16 Мај, 2024
0.0300

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ да испрати претставник во комисијата за уставни измени

Објавено во: Македонија 02 Април, 2023

Добивај вести на Viber

ДУИ го повика ВМРО-ДПМНЕ да испрати свој претставник во работната комисија за уставни измени, откако најголемата опозициска партија објави за неа прифатлив предлог според кој преамбулата на Уставот би претрпела измени според хрватскиот модел.

„Сметаме дека по оваа одлука ВМРО-ДПМНЕ треба да испрати претставник во владината комисија за уставни измени и да почне еден инклузивен процес. Во текот на тие разговори ќе увидат дека вклучувањето, а не исклучувањето на заедниците во нашата држава ја прави оваа држава посплотена, похармонична и поевропска“, гласи коментарот на ДУИ по објавениот предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

За Алијанса на Албанците предлогот е неприфатлив и од таму сметаат дека примерот со Хрватска е несоодветен за македонски прилики, при тоа користејќи се со проценти од вкупното нерезидентно и резидентно население.

„Решението што го нуди овој политички субјект во однос на Преамбулата е апсолутно непознавање на реалноста или намерно отстапување за изборни ефекти, реагира Алијанса на Албанците на повикот на опозициската партија да го следиме хрватскиот терк при уставните измени.

Времето на доминација на еден етникум во Северна Македонија заврши еднаш засекогаш и нема враќање во такво време. Македонците се 54%, а Албанците 30% и заедно не го сочинуваат процентот на Хрвати во Хрватска кои се над 90%. Поставувањето на Албанците во нивниот предлог како национално малцинство уште еднаш покажува дека нивниот менталитет е вратен со децении наназад и тоа е за жалење“, изреагираа од Алијанса за Албанците.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното