03 Мај, 2024
0.0253

ДУИНГ БИЗНИС: Зошто сме повисоко рангирани од лани?

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Македонија е рангирана 10-та на листата на Дуинг бизнис.

Македонија е најдобра во однос на заштитата на малцинските акционери, каде е седма, а најслаба во однос на регистрирање имот и стартување бизнис, каде е на 46 и 47 позиција. 

„Мислам дека е најважно тоа што го правевме како влада, а не се рангира со Дуинг бизнис, а тоа е што за разлика од порано не постојат оние политички притисоци врз фирмите, а Владата изврши и значајно повисок поврат на ДДВ“, вели Драган Тевдовски, министер за финансии.

Министерот вели дека овој податок на Свтеска банка ја демантира опозицијата која тврди дека економијата, во последната година и пол, доживеала фијаско.

За разлика од лани има подобрување за една позиција, тоа значи за малку се подобриле условите за работа на фирмите. Рангирањето се прави врз основа на 10 критериуми, во конкуренција од 190 земји.  

Во извештајот Македонија е највиско рангирана од државите во регионот. Словенија е 40-та, Косово 44, Србија 48, Црна Гора 50, Хрватска 58, Бугарија 59, Албанија 63, Грција 72, а Босна и Херцеговина 89.

Според Дуинг бизнис 2019, број еден во светот е Нов Зеланд.

Македонија беше на исклучително високото 12-то место во извештајот на Светска банка Дуинг бизнис 2016, меѓу вкупно 189 држави од светот, што претставуваше напредок од 18 места. Земјата беше рангирана на 30-то место на листата на Дуинг бизнис 2015. 

Македонија со 30 милиони евра од Светска банка ќе спроведе проект за подобрување на човечкиот капитал. Поради условите во кои сега живеат, Македонците можат да искористат само 53 проценти од својот потенцијал. Просекот во развиените земји е 80. 

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски