Добивај вести на Viber
Повисока плата за 100 лекари и во месец мај. Министерството за здравство ја објави листата на 100-те најдобри. Прва се најде докторката Соња Бојаџиева од Унивезитетската клиника за детски болести, втора Благица Илиеска од Општата болница – Прилеп и Ацо Димов од Клиниката за детска хирургија.
„Станува збор за најдобро рангираните 100 доктори за месец мај од секундарно и терциерно ниво, кои се движечка сила во своите институции. Сите наградени доктори стануваат дел од „Клуб 100-најдобри доктори“, стои во соопштението од Министерството за здравство.
Освен што овие доктори ќе добијат признание и паричен надоместок во висина од нето плата, заедно со сите додатоци на платата, истите ќе имаат и право на дополнителна дејност во матичната институција или во останатите јавни здравствени установи.
Од Министерството повторија дека и во мај важеле истите критериуми за докторите пред се учинокот кој бил остварен во тековниот месец, бројот на извршени интервенции, типот и видот на извршени интервенции, но и реализираните обуки.
Комплетната
листа е објавена на страницата на ресорното министерство.