Двајца Турци загинаа откако стапнале во уличен вир со струја

Објавено во: Балкан 14 Јули, 2024 15:41
Додека бегале од дождот во областа Конак во Измир, 23-годишната Озге Черен Дениз и 44-годишниот Инанч Октемај ги загубиле животите откако добиле струен удар. Неизолиран кабел со струја, што претходно никој не го забележал, низ канализациски одвод се поврзал со уличните вирови низ кои се движеле Турците.
Инцидентот се случи минатиот петок во областа Алсанџак во Конак. Додека обилните врнежи во градот ги претворија улиците и авенијата во езера, Озге Черен Дениз (23) и Инанч Октемај (44) беа зафатени од дожд.
Ужасната смрт при тоа била снимена од улична безбедносна камера.На снимката се гледаат и локални продавачи кои се обидуваат да помогнат.
Октемај беше погребан во Буча, додека Черен Дениз денеска ќе биде погребана во нејзиниот роден град Османије.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ИНЦИДЕНТОТ: Вооружени полициски специјалци од РС спречиле апсење на Додик

ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи

(ВИДЕО) ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ИМА НАД 150 ПОВРЕДЕНИ: Луѓето скокале од височина од страв

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СРБИЈА: Паѓаше град со големина на лешник

ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ИМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА: Се урна таван во училница во Србија

БУРА РЕАКЦИИ: Килограм лубеница чини 4 евра во земја од регионот

ПЦОВКИ И ТУПАНИЦИ: Во босански град сестри се степале поради имот
