Две нови аудио снимки во кои наводно се слуша гласот на Дончев
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2020
Две нови аудио снимки се појавија вечерва на новоотворен Јутјуб канал под име Дон КорлеДонев, под наслов „Силно светнал ден 1 и 2“.
Се алудира дека наводно на нив е гласот на поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев. Во нив Дончев наводно споменува две имиња, Зоки и Медарски.
Поранешниот директор на ФЗО, Ден Дончев бил уредно поканет на разговор во полиција.
Во ПС Карпош уредно самиот се пријавил, информираат од МВР.
По извршениот разговор си заминал.
Тој неодамна си поднесе оставка од позицијата директор на ФЗО.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.