Добивај вести на Viber
Како да препознаеш суетен човек, лесно се препознава, тој е секогаш во право, не остава простор за туѓо мислење оти неговиот исказ е ,,најпрецизен,,. Не дозволува шега на негова сметка, иако шегата не е навредлива. Никогаш нема да се заблагодари за одредена работа, некогаш нема да ти оддaде признание иако си подобар од него.
Целото наше општество е полно со противречности, а не ретко и самите сме противречни! И покрај тоа што сме свесни дека со одредено однесување само ќе си нанесеме штета, и уште повеќе ќе си ги искомплицираме работите, не можеме да се воздржиме и да не кажеме некои работи. Гордоста и суетата не прават нерационални, особини кои најчесто откако ќе помине извесно време можеби и ќе ги снема, за потоа да констатираме дека сме згрешиле. Секоја чест на оние на кои тоа ретко им се случува!
Но суетни сме речиси сите, повеќе или помалку. А кога ќе се судрат две суети, нема веќе рационален муабет, а во некои случаи, и воопшто нема никаков разговор. Тогаш се поставува прашањето кој е над кого, кој колку е одважен, кој си дава за право да го потценува другиот...чие мислење е поважно,....ситуации во кои почитта кон другиот е закопана во земја, а за разбирачка, и конструктивна дискусија и да не правиме муабет! Она што го правиме ние е најважно, а она што го прават другите е помалку битно, и нешто на кое најчесто се гледа со потценување. И затоа не изненадува впечатокот колку често сме преморени, нервозни од работа, преокупирани со своите проблеми, а за другите и ретко сакаме нешто да слушаме. Но таа самобендисаност и ароганција не води никаде, бидејќи важно е да научиме да слушаме и да го почитуваме другиот, во спротивно довербата ќе се разниша, а комуникацијата ќе биде отежната ќе се создаде губи-губи ситуација, присутна во многу врски и деловни односи...а пак да не зборуваме за односите меѓу политичките елити.
Е па тогаш не треба да чудат фрапантните статистички информации за константен раст на разводите, за малолетничко деликвентство. Едноставно трката за заработувачка направи луѓето да бидат нетрпеливи, нетолерантни..едноставно да не бидат свои и природни, туку постојано да се во некој грч или со одбранбен став. И како да се чувствуваат ако работат за ниски плати, со страв и несигурност за иднината, во ситуација кога е вистинска реткост да се најде некој со кој може да се истера убав муабет. Нетолеранцијата на крај носи само нервоза, истенчени нерви, изгубено време, и по тоа многу непотребни објаснувања, за веќе завршени работи. Интересно е прашањето зошто сме такви ако од тоа немаме никаква придобивка! И најчесто самите си ги создаваме непријатностите, дозволуваме да не опседне негативното чувство..не можеме да се поставиме над одредена ситуација.
За крај.... се зависи од самите нас.! Но секако, подобро е да одбереме постојана етичност и лична одговорност во секоја ситуација, да работите вредно за да создадете нешто од себе, и за своите најблиски, да не ги повредувате другите или барем што помалку, бидејќи некогаш и несвесно, несакајќи тоа и ќе се случи. А суетата настрана оти тоа е детска болест која мудрите луѓе одамна ја имаат прележано!
Сашо Дуљанов
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: