25 Април, 2024
0.0355

ДВИЖЕЊЕ НА ВРЕДНОСТИТЕ НА ИЗВОЗОТ И УВОЗОТ НА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Објавено во: Колумни 02 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Општо е познато колку е важен извозот на една земја за развој на вкупната економија. Особено тогаш кога вредноста на извозот не може да ја покрие вредноста на увозот. За 1,97 милијарди долари е повисок увозот од извозот кај македонското земјоделство. таков е случајот со Македонија.

  Земјоделството е сеуште со релативно високо учество во бруто домашниот производ на Македонија, а исто така има релативно високо учество во извозните и увозните вредности. Овие учества не се резултат на висока развиеност на македонското земјоделство, туку на ниско развиени стопански области кои во развиените земји учествуваат со 70-80% во бруто домашното произодство, а нивното високо развиено земјоделство со 2-5%, а кај нас 9,5%.

Дали Македонија води соодветна аграрна политика или пласира  популистички пораки, би требало да  одговорат резултатите во земјоделството. Одговорот ќе го побараме во извозните и увозните резултати во последните години, откако државата со директни 

финансиски средства годишно го поддржува со над 6 милијарди денари од 2011 год. заклучно со 2016 година. 

   Извозните вредности на македонското земјоделство во првите две години имале опаќање, меѓутоа третата година (2014) порастот е близу 11%, но потоа опаѓа во 2015 и 2016, па во однос  на 2011 година порастот е 101.8%. претпоставуваме дека опаѓањето на извозната вредност од над 400 милиони долари во 2015 година и за 182 милиони долари во 2016 година се резултат на кризата во земјата.

  Увозот покажува истата тенденција, но со поголем процент на опаѓање. Во 2015 година увозот бил 91,5% во однос на базната година (таб.1), а во 2016 година 96,2% во однос на базната (2011 година).

  Негативното салдо помеѓу извозот и увозот како кај вкупната економија на Македонија, така и кај земјоделството е долгогодишен проблем. Во овој период се регистрирани позитивни движења со намалување на негативната вредност од 2011 до 2016 кога во сите години опаѓа од 2,5 милијарди долари  негативната разлика е намалена на 1,97 милијарди долари во 2016 година (таб.1).

  Вкупната вредност на македонското земјоделство во размена со Светот (увоз плус извоз) во период од 2011 до 2016 година покажува стагнација. Износот од 11,5 милијарди долари,е надминат во 2014 год. кога достигнал 12,3 милијарди долари, што е одраз на показателите во тие години од поединечните  податоци извоз и увоз кои највисоки вредности покажуваат во таа година (таб.1). Учеството на извозот во вкупната сума на размена се движи од 38,9% ,а увозот 61,1 % во 2011 година, додека во 2016 година тој однос е 31,4% учество на извозот е 58,6% на увозот.

Очигледно е дека според извозните вредности на македонското земјоделство се остварени скромни  на позитивни поиказатели, кои ги зголемуваат показателите за намален увоз во истиот период, што е резултат на  супституција на увоз на земјоделски производи. Податоците се позитивни и покрај тоа што без посебни истражувања не може да се каже колку од субвенциите се вложени во производството, а колку во стадардот на земјоделците, кога производството е остварено само со сопствени средства.

  Дека земјоделството е важно за македонскиот извоз односно увоз покажуваат податоците за процентуален вкупен извоз односно увоз во истиот период (2011-2016):

Години  :  2011   2012   2013   2014   2015   2016

Во извоз %  :   14,24  15,03  15,30  12,61  11,77  12,1

Во извоз %  :  12,7  13,12  12,97  11,66  12,14  11,60

  Како што се гледа учеството во извозот е нешто повисок.

  Овие скромни постигнувања во извозот не треба да се припишуваат на некаква  “мудра” аграрна политика, туку сепак на вложените државни средства во износ од близу 400 милијарди денари, бидејќи политиката има сериозни промашувања.


Проф.Д-р. Борис Анакиев


Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД