27 Април, 2024
0.0443

Џафери: Претседателот е должен да го потпише Указот во спротивно го крши Уставот

Објавено во: Македонија 15 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Собранискиот претседател, Талат Џафери вели дека претседателот е должен да да го потпише Указот, во спротивно го крши Уставот. 

Џафери ова го изјави откако по донесувањето на Законот за јазици имаше најавата на претседателот Ѓорге Иванов дека нема да го потпише Указот. 

„Јас нема да коментирам што би било ако би било, Членот 75 од Уставот на Македонија е јасен  и по повторното гласање со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот е должен да го потпише Указот во спротивно го крши Уставот“- вели тој. 

Според него, Законот е донесен според процедурата и дека за тоа треба дебата на која би се спротивставиле аргументите за тоа дали Законот бил донесен процедурално.

Собранието вчера во тензична атмосфера со 64 гласа „за“, без против и воздржани по втор пат го донесе Законот за јазиците, без амандманска расправа. За Законот гласаа и пратениците од немнозинските заедници со 24 гласа.

Законот, кој првпат беше изгласан на 11 јануари, повторно се најде пред пратениците откако претседателот Иванов не го потпиша и го врати на повторно разгледување во Собранието.

Иванов вчера изјави дека нема да стави потпис на указот за прогласување на повторно изгласаниот закон бидејќи тоа не му го дозволуваат совеста и Уставот.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир