Џентлменски потег во „Стопанска банка Скопје“: Најголемиот акционер понуди 5 пати поголема фиксна дивиденда за приоритетните акции!

Објавено во: Економија 16 Мај, 2022 07:50
Грчките газди на Стопанска банка Скопје понудија фиксна годишна кумулативна дивиденда од 25 денари за секоја приоритетна акција. Тоа е 5 пати повеќе од дивидендата што ја даваа до сега на сопствениците на приоритетни акции. Ако прифати мнозинството сопственици на приоритетни акции цената на таа хартија ни на сон нема да дојде до 700-800 денари. Но последната цена од 480 денари за акција ќе биде „бест бај“ зашто во овие услови гарантира принос од +5% и заради тоа ќе биде „локум“ за инвестициски фондови
Доминантиот акционер на „Стопанска банка Скопје“, грчката банкарска групација НБГ, е согласен сопствениците на приоритетни акции на таа банка да добиваат 25 денари фиксна годишна дивиденда. Досегашната формула за пресметка на дивидендата на тие акции предвидува фискен принос од 5 денари на годишно ниво. Овој предлог предвидува обврска на банката на сопствениците на приоритетни кумулативни акции да добиваат секоја година 25 денари дивиденда, без разлика на износот на добивка, а во годините кога банката би работела со загуба, парите за дивиденда во фиксниот износ да бидат исплатени во првата следна година во која ќе работи со добивка. Ова е предлог што ќе се најде на гласање на претстојното акционерско собрание.
Вреди да се напомене дека овој процес на мерење на силите меѓу доминантниот сопственик на обичните акции и мнозинските сопственици на приоритетни акции трае неколку години. Сопствениците на приоритетни акции иницираат промени со цел зголемување на нивниот принос и се обратија и до Комисијата за хартии од вредност која е надлежно регулаторно тело од таа област. КХВ препорача на Стопанска банка Скопје да ја замени формулата за пресметка на дивиденда на приоритетни акции и да утврди фиксен износ што би го добила секоја приоритетна акција.
Наједноставно кажано тоа што досега Стопанска банка Скопје го издвојуваше за приоритетните акции изнесуваше 18.500 евра, сега ќе изнесува 92.500 евра. Стопанска банка Скопје има издадено 227.444 приоритетни кумулативни акции кои се во доминантна сопственост на домашни физички лица кои водат повеќегодишна правна битка за правата од нивните акции. Според официјалните јавно достапни податоци од Централниот депозитар за акции две домашни физички лица се најголеми сопственици на приоритетни акции во Стопанска банка Скопје. Ѓорги Јованов поседува 8,8, отсто од акциите, а Станко Игнатов 6 отсто. Повеќе од 3.600 домашни физички лица поседуваат уште 84 отсто од приоритетните акции.
Можен ли е компромис?
Очигледно е дека доминантниот сопственик на обични акции со оваа предлог одлука сака да го реши отвореното прашање кое го наметна група сопственици на приоритетни акции во таа банка. За да биде изгласан овој предлог достапен во првата точка на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=59353 потребно е за него да гласаат барем 75 отсто од сопствениците на приоритетни акции. Тоа значи во случај предлогот да го поддржат најголемите акционери Јованов и Игнатов за него треба да гласаат сопственици кои поседуваат околу 150.000 приоритетни акции.
Од издадените 17,46 милиони акции со право на глас грчката банкарска групација НБГ поседува 94,6 отсто.
Повеќе информации за најнови корпоративни новости за Стопанска банка Скопје може да прочитате на следниот линк Која банка спреми 15,2 милиони евра за дивиденда на своите акционери?
Р.Ф.фото МИА
Можеби ќе ве интересира
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „СПРЕЧУВАЊЕ НА ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА И ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ СЕ ДВАТА ПРОЕКТА НА КОИ ЌЕ РАБОТИ КОМОРАТА ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД“

МИЛИЈАРДЕР БЛИЗОК НА ТРАМП: За ова не гласавме, претседателот Трамп со царините ја губи довербата на деловните лидери ширум светот

ШПЕДИТЕРОТ ГОЛЕМ АКЦИОНЕР МОЖЕБИ НЕМА ДА „ЛАПНЕ“ ГОЛЕМА ДИВИДЕНДА, АМА ЌЕ СЕ ОФАЈДИ ОД ГОЛЕМАТА ЗДЕЛКА - што ќе ѝ продаде „Фершпед“ на „Европа“ за пет милиони евра

Колку заработи бизнисменот Ајри Шеј од новокупената топлана во Скопје?

ТРИ ЛИЦА ЈА „БРКААТ“ РАБОТАТА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ – имаат солидни плати, но и вишоци во касата

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ СО ДРАСТИЧНИ МЕРКИ ПОРАДИ ТАРИФИТЕ НА ТРАМП: Стелантис им нуди попусти на американските клиенти

НАД 50 ЗЕМЈИ БАРААТ ПРЕГОВОРИ СО САД - американската администрација тврди „нема удар за потрошувачите“

„ЌЕ ИМАМЕ ЗНАЧИТЕЛЕН ТАРИФЕН ПРИХОД НА ПОЧЕТОКОТ“ - еве го објаснувањето на американскиот министер за финансии Бесент (ВИДЕО)

ПО НАПИСИТЕ ЗА РАСИПНА ХРАНА СЕ ОГЛАСИЈА ОД КАУФЛАНД - најавуваат темелно чистење и надворешни контролори за квалитет
