14 Мај, 2024
0.0266

Ѕвездите ги нема ама сметките им се полнат

Објавено во: Стил 18 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Шоуто со холограмска слика на покојниот поп изведувач Мајкл Џексон "заработи" оваа година 150 милиони долари, покажува истражувањето на агенцијата Блумберг на резултатите за 2014 година, постигнати од починати личности. Податоците покажуваат дека покојните ѕвезди често заработуваат повеќе од живите и имаат поголема популарност на социјалните мрежи. На страната на Елвис Присли на Фејсбук на пример оваа година се појавиле 12,4 милиони "лајкови", а следбениците на Твитер се 187 000. Џејми Солтер, сопственик на авторските права врз поголемиот дел од наследството на Присли, изјавил дека во Лас Вегас се предвидува да биде претставено шоу, во кое ќе учествува холограмска слика на Елвис Присли. Тоа ќе е слично на она на Мајкл Џексон, кој гледачите го видоа на концертот во "Син сити" претходно оваа година. Експертите го објаснуваат не згаснувачкиот интерес кон покојните личности со неприкосновениот углед кој тие го имаат. "Тие не можат да бидат уапсени за возење во пијана состојба. Нивната репутација е неповредена" - коментираат податоците од истражувањето на клиничкиот психолог Дона Роквел. Според списанието "Форбс" Мајкл Џексон е почината славна личност која освоила најмногу пари во светот минатата година. Неговите наследници добиле 160 милиони долари во 2013 година, 145 милиони долари претходната година и 170 милиони долари во 2011 година. К.К.