„Еден од вашите контакти е позитивен на Ковид“: Филипче бара да не се наседнува на лажниот мејл
Објавено во: Македонија 11 Мај, 2020
Еден од вашите контакти е Ковид-19 позитивни. Мејл со ваков наслов денеска добиле некои граѓани. На мејлот стои потпис од извесна Јовановска од Министерството за здравство. Иако веднаш наликува дека е лажен, сепак министерот за здравство Венко Филипче објави на твитер дека содржината од овој мејл е невистинита.
Вели дека ги известиле во МВР.
„Меѓу граѓаните се шири е-маил со невистинита содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство. Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР кој веќе постапува за овој случај, напиша Филипче.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.