28 Март, 2024
0.0272

Една година потоа…Kрвавиот четврток се уште пече

Објавено во: Колумни 27 Април, 2018

Добивај вести на Viber

27 април, петок, лето Господово две илјади и осумнаесетто, ден како и секој друг ден, навидум едноставен,  со сите убости, радости, непредвидености,премрежја и и изненадувања што ги носи катадневието кое го битисуваме. И можеби не би бил по ништо за мнозинството специфичен, можеби само за малкумина би бил посебен, ден ко ден што велат претците, но во историјата на македонската самобитност овој датум  длабоко ќе остане врежан во сеќавањата на секој добронамерник и вистински родољуб, на секој алтруист и космополит, на секој оној кој на пиедесталот на врвни вредности ги има слободата, правдата и честољубивоста.

  А само пред една година, во толку блиското минато, овој датум беше симбол за мрак, премрежје, крволочност, желба за злостор, желба за уништување на секој оној кој мислел поинаку и во духот на демократскиот дискурс, датум кој ја изгнаси историјата на чесниот и правдољубив македонски народ, датум од кој еден ден ќе се срамат и оние кои тогаш го величеа и на него воскликнуваа.

  Помнам, тој четврток, тој 27 април 2017 година, во духот на моето просветителско дејание, вообичаено ги држев часовите, а потоа се вдадов во привршување на прирачникот за моралните вредности на мисионерката и визионерка Мајка Тереза. Толку бев задлабена во своите научни  и размисли што го игнорирав телефонот кој упорно ѕвонеше, но јас вдахновена, со желба да не ми избега мислата, творев и со сета раскош на мојот визионерски творечки опус, не сакав ни за миг да ја прекинам убоста од напливот на мисли и зборови кои само ја збогатуваа содржината на веќе започнатата книга. Сепак ме вратиа во реалноста сирените на полициски коли кои зачестено почнаа да поминуваат и тоа ме натера да се излезам од имагинарниот свет во кој некогаш и уживам и да се вратам во реалниот, одговарајќи на телефонскиот повик. Од другата страна на слушалката загрижениот глас на мојот сопруг, со доза на прекор и прашања дали сум свесна што се случува и замолница да си дојдам дома и тука да продолжам со моите активности. Не сфаќајќи ја сериозно работата, откако ми наговести дека нешто се случува во собрание, јас на шега му реков да поминам да видам што има таму, но по сериозноста на гласот сфатив дека местото не ми е таму.

  И потоа работите течеа како на филмска лента, на моменти несвесно и непоимливо ми беше се што се случува во Македонското собрание, во нашиот највисок Законодавен дом. Гледам и како низ магла ми се редат слики на разјарени лица, кои како крволочни ѕверови, пуштени од кафез, брзаат да си го лапнат пленот. Простете ми на можеби прегрубата симболика, но и ден денес кога ги гледам тие слики, како лица со сладострастие тепаат и удираат голораки луѓе и  очите им фрлаат искри и им се чита страста за нанесување на повреда и болка, не можам да бидам помалку метафорична. Какво безумие, каква беда од луѓе, какво морално дно.  Од друга страна, гледам раскрвавени лица кои ги убедуваат врескачите и тепачите на малку разум, на малку сомилост, на малку човечност.

  Како со нож да ми ја распараа душата и прокрваре срцето кога видов мои блиски и драги луѓе како крварат, но и се во животна опасност и во тие моменти ви доаѓа да врескате од болка, и да, без реално да ја имате таа ви се јавува и како да ви стават сол на жива рана само ве пече и уште повеќе боли, посебно од немоќта ншто да сторите. Барате здрав разум кај оние кои треба да бидат на столбот на одбрана, но гледате и кај нив една ноншалантност  се запрашувате-Леле се вративме ли нa  Хобсовaта Belum omnium contra omnes- Војна на секој против секого? Стасавме ли до дното или ќе длабиме и подолу, гледате и се чудите, па и на моменти се запрашувате да не е некоја колективна шизофренија? Ау не може вашиот разум да восприема каква злоба кај човека има и се запрашувам толку ли е слатка власта и која е се цената која треба да се плати за да се остане на власт? Јас би рекал никоја, бидејќи суровоста на однесувањео на некои локални шерифи или властодршци ви го поткрева желудникот и ви го уништува и она малку позитивно што на поччетокот сте го имале или чувствувале.   Година дена потоа, раните залечени, но лузните останати, главите и умот разбистрени, но сонот се уште страшен, со една единствена желба-веќе никогаш да не се повтори. А попатно ги забележувам и оние гмизавцинја што ѕиркаат низ собранието, будно следејќи да бидат забележани од битен орган на партијата, како утре би биле пофалени, За жал такви имаше и од кај нас, од образовна установа, но се надевам дека конечно ќе им биде покажано каде им е нивното место и во која глувчешка дупка ќе треба да се скријат.

  Било и да не се повтори, никогаш повеќе да не се крева рака на политички другиот, да не се шири омраза за политички поинаквиот, бидејќи еднаш засекогаш треба да се прекине насилството и тоа да биде заменето со добро однесување. Но, на крај, мојата маленкост ќе им се поклони на хероите, почнувајќи од првиот човек на владата, до сите други храбри борци, бидејќи благодарение на нив и нивната храброст јас сега мирно си пишувам колкумни, но и покрај се ќе кажам- Нештото може  е забаено, но никако не смее да биде заборавено.

Проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова

Институт за социогија

Филозофски факултет Скопје


Можеби ќе ве интересира

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?