Една поинаква анализа
Објавено во: Колумни 02 Февруари, 2021 11:16
На една прослава, каде бев поканет со поздравен говор, чинам на почетокот на 2011 година, близу една декада од денес (за што може да ми посведочат студентите) истакнав дека основната цел на современиот концепт на образование е да креира нови аутпути (дипломци) кои ќе бидат способни за имплементација на нови работи, а не едноставно да ги повторуваат работите што ги направиле другите генерации. Имено, и тогаш и сега, сум на истото стојалиште дека современиот систем на образование ќе може да се нарече добар, само ако создава академски граѓани кои се: критични, креативни, иновативни и склони кон откривање. Тогаш реков - „во спротивност, за десеттина години, се друго поинаку ќе биде само просек или обична квантификација“ и еве сме ден денес поминаа тие десеттина години. И... Што направивме?... Токму затоа, потребни се реформи во образовниот систем. Одма и сега. Охрабрувам да се оди напред и смело, од најдолните примарни и секундарни скалила, па се до терцијарно образование.
За таа цел, се одлучив во писаниево за денес, да направам една поинаква анализа, малку надвор од економија, а посветена на образовниот систем, и тоа, на мој начин, поточно да го споделам искуството од реализацијата од еден храбар, тежок и макотрпен проект со државниот педагошки Универзитет во Хајделберг (читај: на ниво на „Харвард“ за ЕУ). Поточно, таквиот проект се реализираше на почетокот на мај, во 2019 година, со посета на голема група на македонски директори во Хајделберг, повеќе од деведест директори беа, и сите успешно ја совладааа и учествуваа во наставата на државниот педагошки Универзитет (Pädagogische Hochschule Heidelberg). На настанот, имаше активно предавање проф. д-р Ханс Вернер Хунеке, Ректор на Универзитетот, како и останатите неколку експерти, а негови колеги. За тие што не се упатени, ова беше за прв пат, една организирана група на Македонци да биде угостена со целодневна работилница, дополнета со интерактивна дебата за унапредување на македонскиот образовен систем по моделот на Германија. И, како што е ред кај нас, еве после две години доаѓаме до темата за реформи и се актуализира нашата работилница од 2019 година. Би рекол, реформи се потребни не денес, туку „вчера“.
Во таа насока, се поставува прашањето: Како може да се запишете на „државниот создавач“ на квалитетни наставници во примарното и секундарно образование во Германија?
Најпрво, бројките за апликација се мали (квотите за прием), да не речам можностите да се запишете се 1:12 (читај: аплицираат 12 кандидати, а се запишува 1). Ова значи, на педагошкиот факултет во Германија се запишуваат најквалитетните кандидати. Подвлекувам, на педагошките факултети се запишуваа најталентираните и најквалитетни среднисти, бидејќи уписите се многу тешки. Ајде да се потсетиме како беше во поранешна Југославија и доволно е, ќе стопирам со колумнава. Тогаш ќе нема потреба од германската анализа на системот. Нашиот, пред деведесетта беше одличен. Доказ за тоа се нашите родители.
Друга, за мене значајна карактеристика за германскиот систем на креирање единки чинители (наставници) на примарниот и секундарниот степен на образование се критериумите за избор на студент на педагошкиот универзитет. Имено, приот чекор е интервју за избор кое носи 0.21 валидација, понатаму се оценките од средно училиште со 0,30 валидација (и да се сите петки, како кај нас во пракса, тоа не е воопшто доволно за влез); трето е рејтингот од завршната диплома за средно училиште (кај нас е тоа државната матура) со 0.52 валидација, и на крај, најважно комбинирана завршна диплома за средно училиште + практично искуство со 0.68 валидација. Заклучок: ако не поседува пракса, шансите за упис на кандидатот за наставник се многу мали.
Во насока на ова, верувам дека ќе ги интересира македонските граѓани за процесот на избор, на крај. Тоа оди вака: се собираат двете полиња подолу, и тоа: (1) Завршна оценка на универзитетска диплома за влез, тоа го нема кај нас (максимум 30); и (2) Практично едукативно искуство (максимум 30). Со тоа, се создава рангирање со поени (максимум 60).
Од ова, може да се забележи дека Германците имаа поголемо внимание, во споредба со нас, кон практичното образовно искуство. Токму затоа, секој од апликантите, ако има цел да стане наставник во примарно или секундарно (основни или средно) ниво на образование, при упис на државниот педагошки факултет во Германија мора да покаже доказ за претходните активности на настава. На овој начин тие можат да ја зголемат својата оценка за рангирање и исто така да ги зголемат своите шанси за прием.
Оттука, секој од кандидатите за прием, добиваат поени во четири различни полиња, и тоа:
(Поле еден) - може да се стекнат најмногу 30 поени, ако кандидатот има завршено стручна обука (vocational training) во врска со образование. Пример: работник за грижа за деца, социјален работник, медицинска сестра и сл.;
(Поле два) - овде може да се стекнат најмногу 20 поени, преку доказ за стекнато искуство во образование со полно работно време. Пример: доброволна активна година на кандидатот или т.н. доброволна социјална година – пракса во образовни институции училиште, или искуство како предучилишен воспитувач, дневна нега и други социјални активности.
(Поле три) - семејни активности, каде се стекнуваа највеќе 20 поени. Пример: грижа за децата и грижа за баба и дедо;
Внимавајате на оваа општествено-социјална активност на германското субординирање на образовниот систем. Вели, во поле три како критериум за бодирање на кандидат, истиот треба да има доказ за искуство во „семејни активности“. Браво! Од ова, нормално е дека ќе имаме солиден наставник и педагог со морални вредност, каде со гордост би му ги испраќале нашите деца. И така ќе се создава системот да биде – добар!
На крај, (поле четири) - образовно искуство со скратено работно време (part time), преку кое кандидатот ќе се стекне со највеќе 10 поени. Пример: туторство во училиште и тренирање на спортски тим.
Морам да признаам дека ме воодушеви овој германски систем. Не велам дека е најдобар, но е најприменлив и многу потребен кај нас. Ако, Германија е наш најголем трговски партнер, а така е, ајде тогаш да дозволиме една реформа во образованието согласно нивниот модел. На мисла сум, и искрено се надевам, или сакам да верувам дека ова писание (со факти) ќе биде еден мал допринос кон реформите кои следат. Мора да сме силни, да почнеме од примарното и секундарно, за да завршиме со реформи кај високото образование. А, таму... таму ќе биде потребна голема храброст и одлучност. Таму системот е многу изместен, да не речам хаотичен. За таа цел, ќе ја завршам оваа пишана дискусија со една добра идеја како предлог за надлежните институции.
Денес, се согласуваме сите дека за силна едукација и образование на ниво на ЕУ земјите, потребно е многу пари, многу поддршка од државата, стопанството, банките, коморите... Имено, мора да се направи еден модел за поддршка на науката, ама онаа вистинска наука и образование. Брзо, тоа е возможно само преку реформа со промена на законите кај даноците, особено како актуелната реформа за поддршка во спортот... Чинам дека УЈП ја говореа деновиве, а се однесува на даночни олеснувања за сите стопански компании кои ќе бидат како помагачи на спортот (ако дадете сума за поддршка кон спортски клуб или работник, таа ќе биде одбитна ставка од основицата за данок на добивака). Одлично решено. Сум на мисла, да биде земено како модел идни реформи во науката и образованието.
проф. д-р Синиша Наумоски,
директор на АБИТ и сертифициран професор за контролинг на германската високообразовна установа во Скопје - Хајделберг Институт
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





