Едниот истечен од 2008, новиот нацрт колективен договор за вработените во културата ќе се финализира до крајот на годината
Објавено во: Македонија 04 Април, 2018 10:43
Министерството за култура соопшти дека нацрт колективниот договор за вработените во културата е подготвен, во консултации со претставници на синдикатите и на установите во културата и целиот процес се очекува да се финализира до крајот на годината.
Договорот целосно ќе го преуреди начинот на утврдување на платите на вработените во установите, а траба да реши и други отворени прашања поврзани со правата на вработените, имајќи предвид дека претходниот колективен договор е истечен во 2008 година.
Договорот, меѓу другото, ќе го регулира и надоместокот на трошоци за превоз, за надомест за теренска работа надвор од установата, како и за надоместоци за дополнителни работи што произлегуваат од матичноста на установата. Договорот содржи и нови одредби за работно време, одмори и отсуства, одредби за безбедност и здравје при работата, како и одредби за платено отсуство при изработка на магистерска работа, докторска дисертација, уметничко доусовршување и учество на конгреси, семинари и конференции.
Од министерството најавуваат дека Нацрт - колективниот договор набрзо ќе биде ставен на разгледување од страна на синдикатите и институциите.
Воедно, во следниот период, ќе се направи и детален преглед и ревизија на постоечките работни места во сите установи од културата и, ако има потреба, ќе бидат соодветно изменети работните места за културата, кои се евидентирани во Каталогот на работни места на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




