Едно прашање кое може целосно да ви ја промени кариерата
Објавено во: Финансии 06 Мај, 2018
Некој ќе ви каже дека тајната на успехот е само напорната работа. Друг - едноставно мора да пробаш повторно и повторно. И трето - треба да станете секое утро во 4 часот или во 3 часот, или воопшто да не спиете.
Мислења секакви. Можеби функционираат за одредени луѓе. Но универзалното правило што важи за сите е - никој не успева сам. Врски, а пред сè, начините на кои ги градите и одржувате се водечки фактор во вашиот раст.
Каде да започнете? Според Inc.com, со едноставно прашање: "Како можам да ви бидам од корист?".
Без разлика дали се среќавате со партнери, разговарате со колегите или претпоставените, секогаш поставете го ова прашање. Всушност, тоа ќе ви помогне, бидејќи преку него ќе ги зајакнете односите и контактите.
Луѓето кои не се социјални и не сакаат да ја понудат својата помош не ги сакаат другите. И луѓето кои реагираат и покажуваат интерес за другите оставаат голем впечаток. Тие создаваат автентични и долгорочни односи и се поактивни.
Вашите добри контакти може да се претворат во нови професионални можности и тоа е главната придобивка за вас сами. Никогаш не знаеш кога ќе мора да побарате помош од некој познаник за информации, совети, помош и многу повеќе.
Но, кога ќе го поставите прашањето, бидете подготвени навистина да помогнете ако побараат од вас. Треба да покажете дека сте одговорни и може да имаат доверба во вас. Не секоја помош е брза и лесна, но сигурно ќе ви исплати назад во иднина.