Едноставни трикови кои ќе ве заштитат од комарците
Објавено во: Стил 13 Јуни, 2014 13:45
Ако нешто може да ви го уништи уживањето во летните ноќи на отворено, тогаш тоа се досадните комарци. Но за заштита од убод на комарец воопшто не морате да трошите пари на скапи производи, наместо тоа може да се послужите со овие едноставни трикови и да се заштитите на природен начин.
БАНАНАСите знаеме дека бананата е корисна за здравјето, а многу често и вкусно овошје. Но она што многу не го знаат е дека може да биде корисна и за заштита од комарците.
Откако ќе ја изедете бананата, со внатрешната страна на кората намачкајте ги рацете и нозете. Тоа ќе ве заштити од комарците.
ЛАВАНДАМирисот на лаванда е убав и комарците не го поднесуваат. Во маслиново, бадемово или бебешко масло додајте неколку капки есенцијално масло од лаванда и тоа нанесете го на вашата кожа. Освен што маслото ќе ја направи кожата помека, ќе ве заштити и од комарците.
ЛИМОН И АГРУМИ
Агрумите (претставува заедничко име за мандарината, лимонот, портокалот и грејфрутот) се совршени за летото. Полни се со витамини и можат да се искористат за одлично летно освежително пиење, но тие исто така, се одлични во борбата против комарците. Исечете кришка лимон и со неа намачкајте го местото на убод, веднаш ќе почуствувате олеснување.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





